Спорт
Поради Серена Ролан Гарос воведува „дрес код“
Претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гидисели, во интервју за „Тенис магазин“, рекол дека поради Серена Вилијамс на Ролан Гарос ќе биде воведен „дрес код“.
Серена по долгата пауза се врати на големата сцена, а на годинешното издание …


Претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гидисели, во интервју за „Тенис магазин“, рекол дека поради Серена Вилијамс на Ролан Гарос ќе биде воведен „дрес код“.
Серена по долгата пауза се врати на големата сцена, а на годинешното издание на вториот гренд слем во сезоната се појави со впечатлива гардероба. Серена своите мечеви ги играше во костум инспириран од филмот „Жена мачка“.
„Се чувствувам како принцеза воин во овој костум. Секогаш сум сакала да бидам хероина“, изјави пред неколку месеци Серена Вилијамс.
Од нејзиниот изглед очигледно не бил импресиониран Гидисели, кој најави воведување на „дрес код“, нешто што според традицијата постои на Вимблдон.
„Мислам дека некогаш се оди предалеку. На пример комбинација каква што носеше Серена Вилијамс повеќе нема да се толерира. Морате да го почитувате тенисот и местото на кое се наоѓате. Сите сакаат да уживаат во тенисот“, рекол првиот човек на францускиот тенис.
Гидисели рекол дека правилата за спортската опрема на Ролан Гарос нема да бидат толку строги како во Вимблдон, каде тенисерите и тенисерките мора да настапуваат во бела опрема, но потенцирал дека ќе бидат воведени одредени ограничувања.
Многу тенисери и тенисерки веќе имаат дизајнирана опрема за 2019 година, а Гидисели најавил дека Тенискиот сојуз на Франција ќе побара од спортските производители однапред да има увид во опремата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елмас: Максимален фокус, Саудиска Арабија е сериозен ривал

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Izvot/ ffm.mk
Спорт
(Видео) Новинар и селекторот плачеа – Меси вечерва последен пат игра за репрезентацијата во Аргентина

Аргентина, актуелниот светски шампион, ќе одигра историски натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во ноќта од четврток кон петок, по македонско време.
На „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе игра за Аргентина за последен пат на домашна почва. Неговиот 193-ти натпревар за Аргентина ќе биде и последен во Аргентина, за која постигна 112 гола, освои две јужноамерикански титули и една светска титула во последните четири години.
Меси има 38 години, а бидејќи Аргентина веќе го обезбеди својот настап на Светското првенство следната година, обидот да ја одбрани титулата ќе биде неговиот последен танц во националниот тим, а вечервашниот натпревар ќе биде последен за репрезентацијата во Аргентина. Затоа земјата го дочекува вечервашниот натпревар со тага.
На прес конференцијата селекторот Лионел Скалони доби прашање дали играњето со Лионел Скалони дали играњето со Меси за репрезентацијата, а подоцна и неговото тренирање е најдобрата работа во неговиот живот.
Скалони одговори емотивно, што можете да го видите од 2:20: „Да го делите теренот со него, да му ја додавате топката, сето тоа со него беше неверојатно. Возбудливо е да се освои Светското првенство со Лео. Она што ќе се случи утре ќе биде возбудливо. И ако навистина е неговиот последен натпревар дома, ќе се погрижиме да игра уште еден натпревар во нашата земја. И мора да уживате во тоа, како што секогаш велам.“
Потоа друг новинар почна да поставува прашање, но Скалони го прекина покажувајќи кон новинарот кој го постави претходното прашање и велејќи: „Тој плаче!“ После тоа продолжи: „Тоа не беше моја намера…“
Новинарот одговори во солзи: „Ми ја пруживте најголемата радост во мојот живот…“ Потоа Скалони исто така почна да плаче. Еден новинар кој сакаше да постави прашање го праша селекторот дали треба да почека. Скалони одговори: „Не, не, слободно. Ова беше предизвикано од тоа што видов колку го направив среќен.“
Спорт
Мајорка го суспендира капитенот – се пожалил што не играл против Реал

Мајорка го суспендираше Дани Родригез и му ја одзеде капитенската лента по дуелот со Реал Мадрид и целата сага што се одвиваше на социјалните мрежи.
Дани Родригез се пожали на Инстаграм затоа што не добил шанса да влезе во игра на гостувањето против Реал во Мадрид. Неговото семејство беше на трибините, а тој сакаше да биде виден на теренот на „Сантијаго Бернабеу“.
Мајорка објави соопштение во кое се наведува дека Родригез е суспендиран на неодредено време без плата и му е одземена капитенската лента. По натпреварот, Родригез објави фотографија од своето семејство на Инстаграм со коментар дека патувал во Мадрид со семејството и дека неговите деца се разочарани што тој не играл:
„Важна лекција и совет за нив: Никогаш не очекувајте ништо од другите, особено во денешно време на просечност кога нема почитување на напорната работа. Не очекувајте ништо за возврат. Правете сè сами и со страст“, напиша Родригез, кој исто така достави отворено писмо до медиумите.
Во писмото, тој наведува дека ја почитува одлуката на тренерот да не влезе во игра, но дека бил потресен затоа што неговите деца не може да разберат зошто нивниот татко не играл.
„Она што не можам да го прифатам е недостатокот на почитување на обврските и посветеноста.“
„Боли кога играч кој штотуку пристигнал, кој одработил еден тренинг, добива можност да игра пред оние кои се таму со години, кои ги бранат овие бои и кои се потат и покажуваат посветеност и секогаш го ставаат клубот на прво место, пред сè“, се вели во писмото.
Оваа забелешка се однесуваше на Јан Вирџилио, за кого Родригез рече дека се надева дека „ќе биде успешен и дека тимот може да му помогне“.
Foto/ EPA