Македонија
Бајлевелд-Схаутен: Останува на граѓаните да одлучат дали го поддржуваат договорот со Грција и членството во НАТО
Министерката за одбрана на Холандија, Анк Бајлевелд Схаутен, во писмо до министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека Холандија ја поддржа одлуката за Република Македонија на Самитот на НАТО, и дека сега е на граѓаните да одлучат на референдум, дали го поддржуваат договорот со Грција и членството во НАТО.
Во писмото со кое холандската министерка ѝ одговори на Шекеринска, која од своите колеги од земјите членки на НАТО пред Самитот во Брисел побара поддршка за НАТО поканата за Македонија, Бајлевелд-Схаутен го поздрави прогресот што Македонија го постигна изминатата година.
„Холандија ја поддржува политиката на НАТО на отворени врати, која се покажа како важен инструмент во промоцијата на демократските вредности и стабилноста во регионот. Владата на Република Македонија вложи огромни напори во иницирањето на неопходните реформи. Ви честитаме на прогресот постигнат изминатата година“, пишува Бајлевелд Схаутен.
Во писмото, холандската министерка упати честитки за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција, со што е отстранета последната формална пречка за почеток на пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО.
„Сега останува на народот на Република Македонија да одлучи, на референдумот во септември, дали го поддржуваат Договорот и членството во НАТО“, стои во писмото.
Холандската министерка за одбрана заклучува дека од клучно значење е Македонија да остане на реформскиот пат, да продолжи со реформите околу владеењето на правото, медиумските слободи и правата на малцинствата и изразува подготвеност Холандија да помогне во напорите за нивното спроведување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

