Македонија
(Видео) Двегодишно дете од Прилеп почина од сепса
Двегодишно дете од Прилеп со клиничка слика на тешка мeнингокценија и флуминантна пурпура, односно тешка форма на сепса вчера во 11 и 30 часот било примено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Сепсата за неполни 24 часа ги зафатила сите органи на телото по што детето починало.
Како што вели д-р Милена Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, станува збор за многу тешка и ретка клиничка слика на болест која е предизвикана од бактеријата Нисерија менингитидис и е со висока смртност и покрај преземање на сите тераписки мерки.
„Детето било однесено на педијатриското одделение во Прилеп каде е почната иницијалната терапија и по консултација со инфектолог упатено е на нашата клиника. Веднаш е реализиран прием на интезивна нега на клиниката за инфективни болести, земени се потребни микробиолошки следувања и започнат беше интензивен третман, но болеста со ваков брз тек, на жалост предизвика она што никој не го посакува, а тоа е смртен исход во 18 часот и 15 минути“, вели Стевановиќ.
Според неа, болеста започнува нагло од полно здравје, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца под 4 годишна возраст. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогритира до најтешка форма која завршува со смртен исход.
Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје вели дека од појавата на пациентот во болницата во Прилеп до денеска преземени се сите епидемиолошки мерки кои се по протокол.
„Според протоколот веднаш штом е поставено сомневањето за можна менинкокна болест кај детето, инфектологот во Прилеп го известил регионалниот епидемиолог и веднаш е излезено на терен за да се преземат сите мерки кои се предвидени со протокол за постапување во вакви случаи. Тоа подразбира давање на профилакса на сите блиски контакти, вклучувајќи ги и лицата кои се грижеле за него, дезинфекција на сантитетското возило со кое е превезувано детето и на болничките простории каде детето било на прием“, вели Микиќ.
Дополнително епидемиолозите вршат дополнителни епидемиолошки истражувања за дезинфекција на домот каде претстојувало детето, а воедно се земаат и лабараториски материјали за да се види дали постојат одредени носители и да се намали ризикот за нови случаи иако тоа е исклучително ретко. Оваа болест најчесто се јавува со поединечни случаи.
„Менингококната болест се пренесува со близок контакт што значи дека заразното лице кое ги носи овие бактерии во носот и грлото доколку кашла или кива, а во истата просторија се наоѓа осетливо лице може да се заболи. Она што е поволно кај оваа болест во однос на ширењето е што не е многу контагиозна, значи доколку престојувате во соба каде што било тоа лице не може да добиете менингококно заболување“, рече Микиќ.
Според него, болеста се јавува исклучително ретко во Македонија со поединечни случаи, а уште поретко во вид на сепса или септикемија, обично, вели тој, се јавува во форма на менингитис. Како што рече, ова е еден од ретките случаи кои воопшто се забележани во претходниот период. Во последните 20 години најголем број на вакви случаи регистрирани се во 2004 – вкупно 9.
Обдукција на телото на детето нема да се прави, како што кажа Стевановиќ, заради тоа што семејството изречно одбивало, но и клиничката слика била јасна.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.