Забава
Платил алиментација со речиси 900 килограми кованици
Индонезиецот Дви Сусиларто ја платил заостанатата алиментација на неговата поранешна сопруга, од 14.520 долари во кованици, што претставува голем логистички подвиг, со оглед дека сето тоа требало да се однесе со 14 вреќи, тешки 890 килограми.
Судот во мај му одредил на Сусиларто дека мора да плати 178 милиони рупии на име неплатена алиментација на поранешната сопруга, која го тужела, бидејќи девет години ја запоставил финансиски.
Сусиларто успеал за три месеци да собере 155 милиони рупии во кованици, а останатиот дел во книжни банкноти. Ги однел парите во судот во колички и тоа со помош на двајца пријатели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.
Забава
Принцот Вилијам ја воодушеви и шокираше сопругата Кејт со подароци: Најчуден е оној од почетокот на нивната врска
Повеќето сопрузи им подарувале на своите сопруги подароци за годишнината што би сакале да ги заборават, а принцот Вилијам не е исклучок.
Тој со текот на годините ја воодушевуваше и шокираше принцезата Кејт со подароци што таа или ги мразеше или сакаше, објави Мирор, истакнувајќи дека парот веќе ја прослави 13-годишнината од бракот.
Самиот Вилијам призна дека некои од неговите подароци биле погодени или промашени.
Принцот Вилијам (41) и купи на Кејт нежен часовник од 4.850 фунти Balloon Blu d Cartier за нивната трета годишнина од брак во 2014 година.
За време на кралската турнеја низ Канада во 2016 година, принцезата од Велс беше видена како носи часовник со ситни сафири, што одговараше на нејзиниот веренички прстен, исто така уште еден скап подарок.
Сепак, принцот Вилијам неодамна призна дека еднаш на својата сопруга и подарил двоглед на почетокот на нивната врска бидејќи во тоа време се чинело соодветно.
Принцот Вилијам и купил на својата сопруга комплет за накит вреден 121.000 фунти за нејзиниот роденден.
Се верува дека тоа било подарок за нејзиниот 30-ти роденден во 2012 година, иако тоа не е потврдено, а во 2022 година, Кејт носеше пар обетки од 100 фунти, кои беа божиќен подарок од принцот Вилијам од брендот Сезан.