Свет
Во монсуните во јужна Азија загинаа 1.200 луѓе
Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во монсунските бури во јужна Азија од почетокот на годината. Монсунсите, кои траат од јуни до септември, секоја година оставаат пустош зад себе и голем број жртви во јужна Азија, а индиската држава Керала е погодена од најлошите поплави во последните 100 години.
Во Керала загинаа 445 луѓе, а сè повеќе и повеќе тела се откриваат секој ден. Поради поплавите, повеќе од еден милион луѓе бараа засолниште во привремените кампови, да 15 лица беа исчезнати.
Во соседнатa држава Карнатака загинале повеќе од 160 луѓе, во Утар Прадеш 200 и во западен Бенгал 195, според АФП.

Монсуните исто така го погодија Непал, каде што од јуни загинаа 87 луѓе. Во Шри Ланка беа евакуирани 750.000 луѓе, а загинаа 24 лица. Во Бангладеш најмалку 29 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува да го заземе градот Покровск, пренесе „АП њуз“.
„Ситуацијата во Покровск е тешка“, рече Зеленски, додавајќи дека иако некои руски единици навлегле во градот, украинските сили ги уништуваат.
„Во Покровск има Руси. Тие се уништуваат, постепено се уништуваат, бидејќи мораме да го зачуваме нашиот персонал,“ изјави тој.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна тврдеше дека руската војска напредува, иако со големи човечки и материјални загуби.
Зеленски нагласи дека Украина возвраќа со напади врз цели во Русија за да ја наруши нејзината воена логистика. Шефот на украинската служба за безбедност Васил Малјук изјави дека од почетокот на годината Украина извела повеќе од 160 удари врз руски постројки за нафта, што, според него, предизвикало пад на домашното производство за 20 отсто.
Во меѓувреме, руските беспилотни летала погодиле станбени згради во Суми, при што биле повредени 11 лица, меѓу кои четири деца, и инфраструктура во областа Одеса.
Според Обединетите нации, бројот на цивилни жртви во Украина годинава е зголемен за 30 проценти во однос на 2024 година. Хуманитарниот координатор на ОН во Украина, Матијас Шмале, предупреди дека уништувањето на енергетските постројки на почетокот на студената сезона е „облик на терор“ и дека конфликтот „воопшто не изгледа дека ќе заврши наскоро“.
Свет
(Видео) „Во кожни панталони и блиска прегратка, таа тагува по својот сопруг“: снимка од вдовицата на Чарли Кирк и Венс предизвика лавина коментари
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс се најде во центарот на вниманието по настанот на конзервативната организација Turning Point USA на Универзитетот во Мисисипи. Видеото на кое тој ја прегрнува Ерика Кирк, вдовицата на основачот на организацијата Чарли Кирк, стана вирално и предизвика лавина коментари за природата на нивната врска.
Во видео кое брзо стана вирално на социјалните мрежи, се гледа Ерика Кирк, сега извршен директор на организацијата, како го пречекува Ванс на сцената. За време на прегратката, таа ја поминува раката низ неговата коса додека тој ги држи рацете на нејзиниот струк. Токму оваа кратка, но интимна сцена предизвика бурни реакции, многу интернет корисници го оценија нивното однесување како несоодветно.
„Дали Џ.Д. ја изневерува Уша?“
Шпекулациите за можна афера веднаш се појавија на мрежата X (порано Твитер). „Изгледа дека Џ.Д. ја изневерува Уша?“ напиша еден корисник, алудирајќи на сопругата на Венс.
Многумина тврдеа дека прегратката не изгледала пријателски. „Сексуалната тензија е очигледна. Како жена, можам да кажам дека положбата на рацете значи само едно нешто“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Имам многу машки пријатели, но никогаш не сум ја ставила раката низ нивната коса ниту пак сум ги терала да ме држат за половината. Никогаш“. Трет коментираше: „Едноставно не е нормално, дури е и непријатно за гледање“.
Покрај прегратките, вниманието на јавноста го привлече и облеката на Ерика Кирк. Некои корисници сметаа дека тесната црна кожна облека е несоодветна за вдовица која неодамна го загубила својот сопруг. „Ништо не покажува „тага“ како црните кожни панталони“, иронично забележа еден коментатор.
Други ги критикуваа конзервативците кои го поддржуваат Венс: „Како MAGA го поддржува ова? Не им е гајле за Уша затоа што е Индијка, но што е со Чарли? Неговата „вдовица“ се појавува во кожата на друг маж и се прегрнува неколку недели по неговата смрт. Толку за христијанските вредности“.
На истиот настан, одржан на 29 октомври, Џ.Д. Венс одговараше на прашања од студенти. Зборувајќи за религијата, тој ја нагласи важноста на христијанската вера како основа на американското општество.
Еден студент го праша за религијата на неговата сопруга Уша, која пораснала како хинду. Венс рече дека Уша била агностик кога се запознале и дека се надева дека таа на крајот ќе го прифати христијанството, но дека ја почитува нејзината слобода на избор. „Слободната волја е клучен христијански принцип“, рече тој. Уша Венс не присуствуваше на настанот.
Фото: принтскрин
Свет
Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море
Полски борбени авиони МиГ-29 повторно пресретнаа руски извидувачки авион Ил-20 над Балтичкото Море утрово, објави Оперативната команда на полските вооружени сили. Иако немало нарушување на полскиот воздушен простор, ова е трет ваков инцидент оваа недела, објавува „PolskieRadio24“.
Опасност за воздушниот сообраќај
Полските авиони МиГ-29 полетаа пред 9 часот утрово за да го идентификуваат рускиот авион. Оперативната команда извести дека рускиот авион повторно летал без вклучен транспондер и без претходно доставен план за лет.
„Рускиот авион повторно се движел без доставен план за лет и со исклучен транспондер, што претставува потенцијална закана за безбедноста на сообраќајот во регионот“, се вели во соопштението.
Полските пилоти, во согласност со процедурите на НАТО, го пресретнаа, идентификуваа и придружуваа странскиот авион, според написите.
„Остануваме во целосна борбена готовност“
Според полската команда (DORSZ), активноста на руските воздухопловни сили во балтичкиот регион се зголемува. Затоа, полската армија е во целосна готовност и подготвена да реагира.
„Полската армија останува во целосна борбена готовност и ефикасно одговара на сите провокативни дејствија на Руската Федерација, дејствувајќи во тесна соработка со сојузниците на НАТО“, се заклучува во соопштението.
Фото: принтскрин

