Регион
Меркел и Трамп разговарале за Западен Балкан
Германската канцеларка, Ангела Меркел и американскиот претседател, Доналд Трамп денеска оствриле телефонски разговор.
Како што соопшти портпаролот на германската канцеларка, Штефен Зајберт меѓу темите на разговор бил и Западен Балкан, но без да открие други детали.
Зајберт посочи дека двајцата лидери изразиле заедничка загриженост поради развојот на ситуацијата во Сирија, особено поради хуманитарната ситуација во регионот околу Идлиб. Тој додаде и дека Меркел и Трамп разговарале и за Украина, Западен Балкан и за трговија, но не откри никакви детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама: Благодарение на помошта на Владимир Путин Албанија ги започна преговорите со ЕУ
Албанија ги отвори првите поглавја во пристапните преговори, кои би сакала да ги заврши до крајот на оваа деценија.
Оваа земја од Југоисточна Европа ги започна пристапните преговори заедно со Македонија во јули 2022 година.
По приемот на Хрватска во 2013 година, речиси и да нема напредок во процесот на проширување, кој се промени по руската агресија врз Украина.
„За жал, не можам а да не го кажам ова, но процесот на пристапување доби брзина благодарение на помошта на Владимир Путин по руската агресија врз Украина, која беше повик за будење и ја потсети Европа дека самодоволноста е само илузија“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во Луксембург.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, чија земја претседава со Советот на ЕУ, рече дека Албанија може да отвори уште еден преговарачки кластер до крајот на унгарското претседателство. Тој, исто така, рече дека Србија може да отвори еден кластер, а Црна Гора, која ги има сите отворени поглавја, може да затвори еден.
Исто така, „би било идеално да имаме пристапни конференции со Босна и Херцеговина и Северна Македонија до крајот на нашето претседателство“, рече Сијарто, нагласувајќи дека за тоа е потребен консензус од сите земји-членки.
Регион
Пленковиќ: Милановиќ го поткопува кредибилитетот на Хрватска во ЕУ и во НАТО
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Собранието повторно го критикуваше претседателот на Републиката – Зоран Милановиќ, велејќи дека „го поткопува кредибилитетот на земјата во Европската унија и НАТО“ и уште еднаш ја повика опозицијата да го поддржи учеството на Хрватска во активностите на НАТО за поддршка на Украина.
Со обвинувања против Милановиќ, Пленковиќ се обиде да ги убеди пратениците од опозицијата да гласаат за владиниот предлог за поддршка на Украина. За да биде усвоен предлогот на Владата, на Пленковиќ му е потребно двотретинско мнозинство гласови во парламентот.
Пленковиќ рече дека поради Милановиќ во НАТО не знаат дали Хрватска ќе остане сигурен сојузник или ќе им го сврти грбот во време на неволја.
„Не знаат дали ние сме земја што ќе и помогне на жртвата“, рече премиерот при претставувањето на годишниот извештај за работата на Владата во хрватскиот парламент.
Регион
Земјотрес во Босна: Се тресеше во близина на границата со Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, информира Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот е регистриран во градот Нови Дулиќи, во близина на границата со Црна Гора, нешто пред 14.30 часот.
Во текот на ноќта околу 4 часот по полноќ биле почувствувани два помали земјотреси.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.