Македонија
(Видео) Осудениците во затворот „Идризово“ добија нови ќелии
Министерката за правда, Рената Дескоска, заедно со директорот на управата за санкции, Јовица Стојановиќ, денеска пред јавноста ги презентираа новите простории на КПУ „Идризово“ опремени по најсовремени европски стандарди.
Целиот проект за обновување и зголемување на капацитетите на затворот чини 11 милиони евра и е почнат во 2014 година. Во првата фаза изградени се два објекта од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади квадратни метри вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради. Во новите простории ќе бидат сместувани само новоосудувани затвореници.
Ќелиите се со бања и се за сместување четири осудени лица. Затворениците ќе имаат и заеднички простории за престој, работнилици, фитнес-сали, шеталишта и игралишта, а за лицата со посебни потреби наменети се посебни ќелии во новите простории. Во првата фаза исто така изградена е пречистителна станица за отпадни води, извршена е реконструкција на постоен објект, кој е адаптиран во тренинг-центар за одржување обуки и проверка на знаењата на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во РМ.

„Република Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата што се на издржување на најтешката казна во македонското законодавство – казната затвор“, рече министерката за правда, Рената Дескоска.
Во затворот „Идризово“ сместени се повеќе од три петтини од затворениците во целата земја и, според Дескоска, неговата пренатрупаност е клучен проблем што води кон други секундарни проблеми, како несоодветни услови за сместување, загрозени хигиенски и сантитетски услови, како и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот и спречување на конфликтите внатре.

„Со отворањето на новите капацитети во ‘Идризово’ посакувам негативните оценки за состојбата на затворите, како оние од Советот на Европа во 2016 година и во извештаите на народниот правобранител, но и во извештаите на невладините организации што работат во сферата на заштитата на човековите права, да станат минато“, рече Дескоска по што додаде и дека посакува барем еден од овие капацитети што денеска се отвораат да бидат празни како резултат на намалување на стапката на криминал во Република Македонија.

Директорот на управата за санкции, Стојановиќ, истакна дека целта на обновувањето на затворот е престојот на затворениците да стане поефикасен со уште поуспешна ресоцијализација.

„Во првата фаза изградени се 10 илјади квадрати по современи и европски стандарди за напредување на состојбата во нашите затворски установи. Тука сме да го направиме престојот на лицата лишени од слобода функционален, ефикасен и нивното присуство да резултира со нови вештини, знаења и да бидат продукивни во нашето општество“, рече Стојановиќ.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

