Спорт
Реал потврди дека Маријано се враќа на „Бернабеу“
Само 14 месеци откако си замина од Реал Мадрид, Маријано Дијаз се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ во експресниот договор кој „кралскиот клуб“ ја искористи можноста да го земе откако претходно Лион и Севилја се договорија за трансфер од 30 милиони евра пл…
Само 14 месеци откако си замина од Реал Мадрид, Маријано Дијаз се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ во експресниот договор кој „кралскиот клуб“ ја искористи можноста да го земе откако претходно Лион и Севилја се договорија за трансфер од 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Сега, Маријано потпиша петгодишен договор за Реал Мадрид, кои ќе платат 22 милиони евра за договорот. На Каталонецот не му пречеше договорот со Севилја, но секако му годи и повикот на Хулен Лопетеги, иако нема да биде гарантиран стартер кај „Лос бланкос“.
Маријано беше дел од академијата на Реал Мадрид од 2011 година, пред во 2015/16 да игра во Б-клубот, Кастилја и да постигне 25 гола. Иако беше повикан во првиот тим, немаше многу шанси да игра, пред да замине за Лион, каде што постигна 21 гола минатата сезона.
? ¡Bienvenido al @RealMadrid, @marianodiaz9!#WelcomeMariano | #HalaMadrid pic.twitter.com/PSrheKtDm2
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 29, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Брансон ја испрати Филаделфија на летен одмор, Милвоки без Јанис немоќни против Индијана
Кошаркарите на Њујорк Никс и Индијана Пејсер се изборија за меѓусебна пресметка во полуфиналето на Источна конференција, во НБА лигата. Изминатата ноќ Никс и Пејсер ги забележаа победите број 4 против Филаделфија односно Милвоки.
Пред една деценија, Филаделфија го избра Џоел Ембид како прв пик на драфтот. Со него Сиксерси се уште немаат финале на Истокот.
Брилијантниот Џејлен Брансон го предводеше Њујорк до победата 118:115 во шестиот натпревар.
Брансон забележа 41 поен и 12 асистенции (трет последователен натпревар со најмалку 40 поени), Донте ДиВинченцо постигна 23 поени со седум асистенции, а О Џи Ануноби имаше 19 поени и девет скока.
Џош Харт додаде 16 поени, 14 скока и седум асистенции и ја постигна клучната тројка за победа на 24,4 секунди до крајот.
Во тимот од Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока. Бади Хилд додаде 20 поени, Тајрис Макси имаше 17 поени, пет скока и пет асистенции, Кели Оубре имаше 17 поени и пет скока, а Николас Батум заврши со 16 поени и седум скока.
Индијана Пејсерс славеше против Милвоки 120:98 за вкупни 4:2 во серијата. Без Јанис Адетокумбо и со повредениот Демијан Лилард, Милвоки немаа шанса против Индијана. Шестиот меч го решија играчите од клупата. Резервите на Индијана постигнаа 40 поени.
Оби Торпин со 21, Ти-Џеј Меконел со 20 поени и девет асистенции, односно Паскал Сијакам со 19 ја предводеа Индијана.
На спротивната страна Лилард, кој го припушти претходниот меч постигна 28 поени, Боби Портис додаде 20 поени и 15 скока, а Брук Лопез 20 поени.
Спорт
Тонали повторно е казнет поради обложување
Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали (23), повторно е казнет за нелегално обложување.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го казни со двомесечна суспензија условно и 20.000 фунти поради кршење на правилата поврзани со забраната за обложување во Англија.
Оваа казна значи дека Тонали ќе може да се врати на терените откако ќе му истече 10-месечната забрана што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) на 27 октомври минатата година, со услов да не направи нов прекршок.
Минатата есен, ФИГЦ го казни Тонали за обложување на натпревари во Италија, а поради тоа овој талентиран играч за врска нема да може да игра на Европското првенство во Германија, каде Италија ќе ја брани шампионската титула.
Тонали на почетокот на оваа сезона се пресели од Милан во Њукасл за 70 милиони фунти и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „страчките“.
Сепак, набрзо следеше суспензијата на ФИГЦ, па младиот Италијанец забележа само осум настапи, на кои постигна еден гол во дресот на Њукасл.
Спорт
Уште еден голем пријател на Меси пред трансфер во Интер
Уште еден пријател на Лионел Меси наскоро би можел да пристигне во Интер Мајами. Како што пренесува ЕСПН, Анхел Ди Марија ги започнал преговорите со Дејвид Бекам.
„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби тој ќе стане челн на тимот веќе во јули. Таа опција му се допаѓа на Фидео (прекар Ди Марија)”.
На Анхел Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната.
Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.
Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо велеше дека Меси е најдобриот фудбалер на светот.