Свет
Русија организира воени вежби на Медитеранот
Русија ќе одржи воени вежби во Средоземното Море од 1 до 8 септември, со учество на 25 воени бродови и 30 авиони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– Во согласност со планот за обука на руските вооружени сили, обемните вежби на силите на Руската морнарица и на воздухопловните сили ќе се одржат од 1 до 8 октомври 2018 година во Средоземното Море под раководство на командантот на морнарицата, адмиралот Владимир Королев – се вели во соопштението на „Тас“.
За време на вежбата на Медитеранот, планирано е распоредување повеќе од 25 воени бродови и помошни пловила, на чело со ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, соопшти Министерството.
Вежбите се организираат во моментот кога има тензии меѓу Русија и Западот поради северниот сириски регион Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците и каде што сирискиот претседател Башар ал-Асад подготвува офанзива, наведува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

