Свет
ОН: Во Идлиб двете страни би можеле да користат хемиско оружје
Обединетите нации денеска ги повикаа Русија, Иран и Турција да ги спречат борбите во сириската провинција Идлиб, каде што владините сили се подготвуваат офанзива против бунтовниците.
„Ројтерс“ претходно објави дека специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, предупредил дека оваа битка ќе влијае на милиони цивили и дека двете страни би можеле да користат хемиско оружје.
Генералниот секратар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа изјави дека сè поголема е опасноста од хуманитарна катастрофа во сириската област Идлиб, која е една од последните области под контрола на бунтовничките сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

