Македонија
Нов прекин на седницата за затворот на Груевски, одбраната побара изземање и на судијата известител

Кога Врховниот суд по 2 и полчасовното одлучување го одби барањето судечкиот совет да биде изземен од случајот, одбраната подготви ново барање за изземање, овој пат за судијката известител Тања Милева.
Како образложение на барањето адвокатот Стерјо Зиков ја наведе поврзаноста на сопругот на судијката, Игор Милев, со СДСМ, како и изборот на судијката откако е започнато судењето за случајот „Тенк“.
Ова е трет прекин на седницата на која експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник-министер на МВР, Ѓоко Поповски, пред петочлениот судечки совет треба да објаснат кои се нивните жалбени основи за пресудата за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра. За овој сучај Поповски е осуден на 6 и пол години затвор, а Груевски доби двегодишна затворска казна.
Судијката Периќ даде нова 30-минутна пауза за одлучување по барањето.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Чаир денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Ѓорѓи Сугаре, Михаил Чаков и Петар Делјан. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Хаџи Трајко, Горноврановска, Лисец, Божин Николов Силни и Горно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците со бр. 44, 46, 54, 62, 64 и 66 во нас. Кисела Јабука. (Општина Ѓорче Петров)
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од објектите во Касарната Илинден (во близина на АКВАДУКТОТ). (Општина Чаир)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Македонија
Муцунски и Марта Кос зборуваа за македонското ЕУ досие

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.
На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтегративниот процес.
Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ.
На средбата стана збор и за трагедијата што неодамна се случи во Кочани, при што министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што Европската унија ја покажа – како преку директната помош од земјите членки, така и преку брзото активирање на Европскиот механизам за одговор на кризи.
Во рамки на работната посета на Луксембург, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, г-ѓа Каја Калас, министерот Муцунски вечерва ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.