Македонија
Димитров: Единствената одржлива визија за стабилен Балкан е европската
Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Виена.
Димитров ги поздрави заложбите на австриското претседателство за приближување на земјите од регионот со ЕУ преку процесот на проширувањето, како стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста во Европа.
„Единствената одржлива визија за стабилен Балкан е европската – сите ние работиме на демократски реформи и реформи во владеењето на правото со цел да ја споделиме европската иднина без граници. Време е за нас во регионот и државите членки да забрзаме напред“, рече министерот во своето обраќање.
Како што информираат од МНР, дискусиите на сесијата биле фокусирани на прашања поврзани со ефективниот мултилатерализам, како еден од приоритетите на австриското претседателство со Советот на ЕУ и Глобалната стратегија за надворешната и безбедносна политика на ЕУ.
Веднаш по состанокот на ГИМНИХ, министерот Димитров учествувал и на неформалниот работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ со министрите за надворешни работи на земјите од Југоисточна Европа и Труција. Ручекот организаран од австриското претседателство како специјален постгимних настан бил посветен на темата „Инфраструктура и дигитално поврзување.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

