Македонија
(Видео) Спасовски: Од исклучителна важност е полициските службеници да имаат опрема и добри услови за работа
Безбедносната состојба на територијата на општина Ѓорче Петров е поволна, со евидентно намалување на криминалот, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на полициската станица во Ѓорче Петров и локалната самоуправа.
„Ова е полицискa станицa што има огромна територија и за која треба голем ангажман и многу материјално-технички и човечки ресурси. Во тој дел направивме напори да ги подобриме условите за работа, знаете дека минатата година ја пуштивме во употреба и новата полициска станица, целосно опремена, а веќе и бројот на полициски службеници е зголемен, што создава можности за подобро функционирање“, рече Спасовски.
Министерот Спасовски потенцира дека од исклучителна важност е полициските службеници да имаат добри услови за работа и врвен приоритет и оваа година е токму подобрувањето на условите за работа во полициските станици, но и набавка на потребната опрема за полициските службеници
„Еден од клучните предизвици не само тука, туку и во цела држава е во делот на сообраќајот и тука се работи плански повеќе од шест месеци. Ќе ја искористам и оваа можност да апелирам до граѓаните на одговорно однесување во сообраќајот, почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, рече Спасовски.
Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни незгоди и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарина Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

