Македонија
Влада: Трошоците за емитување и продукција на содржини се на Собранието и на политичките субјекти
Владата на Република Македонија ги демантира невистините изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење средства за снимање спотови поврзани со кампањата за референдумот.
„Како што и претходно беше јавно објавено, Владата на Република Македонија одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. Владата единствено резервираше средства во износ од 6 500 евра за активности на социјалните мрежи, а сите други комуникации кои подразбираат односи со медиумите и учество на јавни настапи се во организација на редовните активности на секторот за односи со јавност на Владата на Република Македонија“, се наведува во владиното соопштение.
Од таму додаваат дека продукцијата и емитувањето на спотовите на телевизиите за кое јавноста е сведок дека сè уште не почнало, е активност на Собранието на Република Македонија и на политичките субјекти, а не на Владата.
Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата порача дека ќе работи транспарентно и отчетно, согласно со стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективнoст, пропорционалност и рационалност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.