Контакт

Вести

Москва им порача на Дамаск и опозицијата да се обединат против тероризмот

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика во средата сириската опозицијата и претставниците на владата на претседателот Башар ал-Асад да се обединат во борбата против тероризмот, а истовремено сириските власти во консултација со Москва се согласиле да разгледаат голем број предлози од опозицијата и да се создаде Комитет за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Разговорите меѓу дел од сириската опозиција, во кој не е Националната коалиција во егзил којашто ја поддржуваат Западот, сунитска Турција и сунитските апраски земји од регионот, која започна оружено востание во март 2011 година за соборување на алавитскиот шиитски претседател Башар ал-Асад кој го продолжи децениското стратешко сојузништво со Русија, започнаа во Москва во обидот да се заживеат мировните напори за сопирање на четиригодишниот судир кој во меѓувреме се претвори во секташка граѓанска војна во која се појавија радикалните сунитски групи како Исламската држава и Фронтот ан-Нусра во чии редови се борат илјадници џихадисти од целиот свет, вклучително и од западните земји.

„Сметаме дека свеста на политичарите и на цивилната заедница за неопходноста од обединување против заедничката закана од тероризмот би требало да стане клучот за повторното единство на сирискиот народ“, им порача Лавров и на двете страни, кого го цитира РИА Новости.

Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека малку е веројатно дека ќе биде постигнат позначителен напредок, бидејќи вооружената опозиција поддржана од Западот има исклучив став за заминување од функцијата на претседателот Асад, кој ја има поддршката од алавитите, дел од сунитските сириски племиња, христијаните и друзите, додека Курдите се држат резервирано во конфликтот, додека официјален Дамаск, поддржан од Москва и Техеран, смета дека за тоа треба да одлучат граѓаните на избори.

Тоа е причината зошто некои од западно протежираните опозициски групи, како Националната коалиција за сириска револуција и Опозициските сили одбија да дојдат на разговорите на сириската опозиција во Москва, истакнувајќи дека ќе учествуваат само во разговори кои ќе имаат цел Асад да замине од власта.

На средбата во Москва учествуваат 32 претставници на опозициски групи во Сирија и шест членови на делегацијата којашто ја предводи сирискиот амбасадор во Обединетите нации.

Ова не е прва средба на сириските опозициски групи, коишто Западот не ги смета за такви, под покровителство на Русија, меѓутоа е првата на којашто учество земаат толку голем број групи кои досега не учествуваа во преговорите, а во прв ред Националниот совет за координација на силите за демократски промени (CCND) и на Курдите со челници од власта, по неуспехот на преговорите на ткн средба Женева -2 од февруари 2014 година.

Како што подоцна во средата во Москва изјави челничката на опозициската Сириска татковинска партија, Маџ Нијази, делегацијата на официјалните власти се согласила да разгледа низа точки коишто ги предложиле опозиционерите, но истакнал дека за повеќето од нив се неопходни детални дискусии кои би можеле да се одржат во Дамаск.

„Претставниците на делегацијата на владата изјавија дека се подготвени да го разгледаат конкретниот список со политички затвореници чиишто ослободување го бара опозицијата, доколку им го доставиме, а исто така рекоа дека се согласни со формирање Комитет за човекови права. Сепак, притоа тие се изјаснија за разгледување на оваа и на другите точки во рамките на натамошните преговори“, истакнала, пренесува агенцијата ТАСС.

„Следната средба тие ја предлагаат да се одржи во Дамакс“, додала Нијази, која инаку е позната сириска уметница и генерален секретар на Сириската татковинска парија.

Прерано е да се зборува дека сириската опозиција на преговорите во Москва успеала да се договори за заедничкиот финален документ, предупредил претставникот на независната сириска опозиција, Џамал Сулејман.

„Од своја страна не можевме да и` претставиме на владината делегација конкретен документ. Изложивме неколку идеи, кои ги разгледувавме претходните денови, но тоа не може да се нарече финален договор. Преговорите со делегацијата на Дамаск одат многу тешко. Што се однесува до перспективата, имаме уште еден ден. Утре ќе се види дали има смисла да ги продолжиме консултациите“, додал Сулејман. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет3 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет3 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет3 часа

(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа3 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет13 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија15 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ15 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија19 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија22 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија22 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија23 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија24 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет24 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет1 ден

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија1 ден

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија1 ден

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...