Македонија
Жерновски во Дубровник на средби со Коѕијас и Захариева
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, вчера и денес учествуваше на тринаесеттиот традиционален Дубровник форум под наслов „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан”.
На маргините на Форумот, тој оствари одвоени билатерални средби со заменик државниот секретар за Европа и Азија при Стејт Департментот на САД, Метју Палмер, со министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија, Никос Коѕијас и Екатерина Захариева, со високиот специјален пратеник на претседателот Макрон, Ален Ришар и со својот чешки колега, Томас Петричек.
На средбата со заменик државниот секретар Метју Палмер беше разговаранo за политичките процеси во земјата и за подготовките во врска со престојниот референдум закажан за 30 септември оваа година. Соговорниците заеднички се согласија дека претстојниот референдум е историски настан во кој граѓаните треба целосно да се вклучат. „Верувам во мудроста на македонските граѓани и убеден сум дека тие ќе знаат да ја донесат вистинската одлука на претстојниот Референдум”, изјави Палмер на средбата.
На средбата со Коѕијас, беа разменети мислења за актуелните настани во двете соседни држави. Двајцата соговорници беа согласни дека довербата меѓу двете страни се продлабочува. Беше потенцирано дека со конечниот договор за решавањето на прашањето за името се стави крај на разликите кои ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите. „Овој Договор е мостот кој не’ пренесува од минатото, напред кон иднината”,изјави Жерновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор
Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор, стои во написот.
Од своја страна, Европската комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот.
„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската комисија за „Еурактив“.
Ратификацијата на трите протоколи предизвика политичка полемика во Атина.
Протоколите, кои се дел од Договорот од Преспа, се однесуваат на одговорностите на Грција во однос на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија и му обезбедуваат на Скопје обука и знаење за прашањата на ЕУ, пренесува „Еурактив“.
Скопје
Реконструирана училишната спортска сала во основното училиште „Мирче Ацев“
Општина Ѓорче Петров финишира со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.
При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата, каде што беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити, извести Општина Ѓорче Петров.
Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со неговото завршување направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.
Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука, се додава во соопштението на Општина Ѓорче Петров.
Скопје
Вежбалница на отворено првпат во општина Илинден
Комплетно опремена спортска вежбалница на отворено првпат добија жителите на општина Илинден, која се наоѓа кај пешачко-велосипедската патека во Марино.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека во рамките на ова фитнес-катче, каде што младите, па и повозрасните жители на општината, ќе можае да се рекреираат и вежбаат, поставени се повеќе најсовремени фитнес-справи.
Досегашната пракса на инвестирање и создавање услови за спортување постојано се докажува како највредна инвестиција за сите генерации, па затоа Општина Илинден од сопствениот буџет оддвои средства за реализација на спортскиот терен за вежбање на отворено, а во наредниот период продолжува и понатаму со инвестиции во спортот и спортските терени на нејзина територија, соопштуваат од Општината.