Контакт

Вести

Хамнеи: Политиката на Иран кон ‘арогантните’ САД нема да се промени

Објавено пред

Иранската политика кон „арогантните“ Соединети држави нема да се промени и покрај постигнувањето на нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, изјави во саботата врховниот верски водач и авторитет на Иран, ајатолахот Ал Хамнеи додавајќи дека Техеран и натаму се спротиставуваат на политиката што ја водат САД на Блискиот исток и повтори дека Иран според учењето на Куранот никогаш немал намера да произведе нуклеарно оружје.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање по повод одбележувањето на завршувањето на светиот муслимански месец Рамазан, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека сака политичарите да го проучат добро нуклеарниот договор за да се осигури зачувувањето на националните интереси, бидејќи Иран нема да дозволи укинување на своите револуционерни принципи или одбранбените способности.

„Без разлика дали (нуклеарниот) договорот ќе биде прифатен или отфрлен, ние никогаш нема да престанеме да ги поддржуваме нашите пријатели во регионот и народите на Палестина, Јемен, Сирија, Ирак, Бахреин и Либан. Дури и по постигнувањето на овој договор, нашата политика кон арогантните САД нема да се промени“, рече Хамнеи.

„Во услови кога е создадена атмосфера на закани од непријателот, колку и да постои загриженост за заштитата на своите способности за одбрана и безбедност, Исламската Република никогаш нема да се поклони пред претераните барања на непријателот“, изјави иранскиот ајатолах на проповедта по масовната молитва во Техеран во саботата со која се одбележува крајот на светиот месец на постот Рамазан и рамазанскиот Бајрам (Еид ал-Фитр).

„Со Божја волја, одбранбените капацитети на земјата и личната безбедност ќе бидат заштитени. Никому нема да биде дозволено да им наштети на интересите на Иран“, порача Хамнеи.

Според ајатолахот, извикувањето на паролите „Смрт на Америка“ и „Смрт на Израел“ на протестите во Иран изминатата седмица, одржани во знак на поддршка на Палестинците, покажало што Иранците мислат.

„Повторно рековме дека не преговараме со САД за регионалните или меѓународните прашања, дури ниту за билатералните прашања. Има некои исклучоци, како што е нуклеарната програма за кои преговаравме со Американците во наш интерес… Американската политика во регионот е дијаметрално спротивна на иранската политика“, рече Хамнеи, според прилогот на Press TV.

Ги критикуваше ставовите на Вашингтон за обвинување на шиитското либанско движење Хезболах за тероризам, додека ги поддржуваат „ционистичкиот терористички израелски режим“.

Одговарајќи на изјавите на американските политичари дека со договорот од Виена успеале да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје, ајатолахот Хамнеи во говорот пренесуван на иранските телевизии истакна дека врз основа на учењето на муслиманската света книга Куранот, производството и складирањето на оружје за масовно уништување како што е нуклеарното е забрането. За големиот ангажманот, пак, на американската администрација на нуклеарните преговори рече дека станува збор за „внатрешни проблеми на САД“.

Им порача дека американските политичари „треба да сфатат“ оти никогаш „нема да се оствари нивниот сон“ иранскиот народ да се предаде, како и дека со однесувањето кон Иран прават „голема грешка“ кога станува збор за регионалните прашања. „Треба да се разбудат и да го сфатат тој факт“, рече ајатолахот Хамнеи.

Коментирајќи го говорот на Ханеи, агенцијата Reuters наведува дека постигнувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, САД, Русија, Кина,м Велика Британија, Франција и Германија, со посредство на ЕУ, претставува триумф за умерениот ирански претседател Хасан Роухани.

Се истакнува дека иако ајатолахот Хамнеи има решавачка одлука кога станува збор за безбедносните прашања, иранскиот претседател има важна улога во носењето на одлуките во оваа шиитска земја со речи 80 милиони жители, со што овозможи промени во однос на конфликтниот стил на поранешниот претседател Махмуд Амадинеџад.

Роухани, кој е избран за претседател со големо мнозинство од гласовите пред речиси две години, поранешен главен преговарач за иранската нуклеарна програма, познат по својот мирољубив пристап. Во кампањата тој најави дека ќе се залага за надворешна политика која ќе се темели на „конструктивната интеракција со светот“ и ќе ги заштитува граѓанските права на домашен терен.

Роухани во средата изјави дека нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили претставува политичка победа за Исламската Република додавајќи дека договорот значи дека Техеран повеќе нема да се смета за меѓународна закана. „Никој не може да каже дека Иран се предал. Договорот е правана, техничка и политичка победа на Иран. Големо е достигнување што Иран повеќе нема да се нарекува светска закана“, изјави Роухани.

Иранците на улиците на големите градови го славеа историскиот нуклеарен договор надевајќи се дека ќе завршат економските санкции кои повеќе од деценија предизвикуваат штети на иранската економија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ4 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија7 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија7 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ7 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија7 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија7 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет9 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа9 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет11 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет11 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет11 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет11 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа12 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија22 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет22 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...