Македонија
Катимерини: Меркел в сабота во Скопје

Германската канцеларка, Ангела Меркел, в сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти нејзиниот портпарол, Штефан Зајберт, објави „Катимерини“.
„Сè уште се работи на програмата, но сега можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев”, рече Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатералните прашања”. Тој исто така додаде дека канцеларката Меркел сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, којшто ќе се одржи на крајот од месецот, пренесуваат грчките медиуми.
Меркел „сигурно сака да се формира истиот впечаток на самото место во пресрет на референдум за прашањето за името на земјата, кој ќе се одржи на крајот на месецот”, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита сестра Ева со солзи и неверување дека казната за сторителот е само две години.
Плачејќи рече дека казната од две години нема да ја врати жртвата, ама ќе ја олесни маката на семејството. Таа праша, како да запали свеќа на гробот на нејзината сестра и како да и каже да биде задоволна со казната.
„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе отколку јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, порача Ева Ристовска.
Македонија
По голготата со лифтовите во зградата на МТВ кои не работеа, најпосле се сервисирани

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.
„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат“, велат од Владата.
Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.
Зградата на Македонската радио телевизија има 24 ката.
Македонија
Минчев и унгарскиот амбасадор: „Важна е размената на добри искуства и практики“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин.
На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на јавната администрација и професионализацијата на административните служби.
Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на размената на добри практики и искуства, како и можностите за зајакнување на институционалната соработка преку проекти поддржани од ЕУ и билатерални иницијативи.
Министерот Минчев изрази благодарност за досегашната поддршка од Унгарија и ја потенцира подготвеноста на Министерството за понатамошна соработка во насока на модернизација на јавниот сектор и приближување кон европските стандарди.
Амбасадорот, од своја страна, ја нагласи определбата на Унгарија за продолжување на партнерството со Република Македонија, особено во контекст на европските интеграции и реформите во јавната администрација.
Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, а двете страни изразија подготвеност за интензивирање на комуникацијата и конкретизирање идни иницијативи од заеднички интерес.