Македонија
(Видео) Макрадули: Гасоводот ќе поминува низ шума што нема големо значење за природата

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, на дебата со активистите рече дека Водно не е заштитено подрачје. Според него, правила за тоа што може да се прави на Водно може да има кога ќе биде извршена валоризација и ова подрачје ќе се заштити со закон.
„Откако ќе се донесе одлука дека е заштитено подрачје, ќе се види кој ќе управува со Водно. Тогаш се дефинираат правилата што може да се прави или не. Државата нема екосистеми“, рече Макрадули откако активистка од иницијативата за „Спас на Водно“ укажа на фактот дека дозволата за градба на гасоводот не е за заштитено подрачје.
Изборот на трасата е направена врз основа на една главна траса и четири алтернативни, рече Макрадули, додавајќи дека врз база на студија и компаративна анализа, истата траса е избрана затоа што поминува низ подрачја каде што дрвјата имаат мало значење за животната средина.
„Трасата поминува низ нискостеблести шуми и низ шуми кои според европската скала имаат мало значење за природата“, рече Макрадули. Тој смета дека доколку во Скопје не се преземе ништо за загадувањето, во 2025 година ќе има енормини емисии на гасови, а, пак, доколку домаќинствата се поврзат на природен гас, тогаш загадувањето ќе се намали.
Aктивистиката Татјана Стојановска му рече на Макрадули дека тие како Министерство се најзасегнати за заштита на животната средина. „Вие наследивте многу неквалитетен проект, во тоа се согласувам. Но, требаше да се почне одново. Требаше кога видовте дека проектот не е в ред да барате ново решение и нова студија. Водно е заштитена парк-шума. Зошто дозволувате градби во период на носење на законот за валоризација на природните вредности? Нели прво треба да се донесе, па потоа да се спроведуваат активностите? Кога ќе се донесе законот, според наши сознанија, ова што се прави ќе биде противзаконски“, рече Стојановска од иницијативата „Спас за Водно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ за власт, подготвена да ја продаде Струга на Левица, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот договор што е постигнат помеѓу посредникот на Ахмети, Кренар Љога, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вклучувајќи ја и неговата генерална секретарка, Јована Мојсовска, не е ништо повеќе од тешко предавство на стружани“, велат од „Влен“.
„Сценариото е јасно: Мојсовска влегува како „изненадувачки“ кандидат во Струга, со мисија да ги собере гласовите на македонскиот блок наводно за да ја спречи победата во првиот круг на кандидатот поддржан од ВЛЕН, Менди Ќира. Ова е срамен план, оркестриран од Љога и ДУИ, кои отворено соработуваат со политички сили кои ги граделе своите кариери врз албанофобија.
Ова е најсилниот доказ дека ДУИ е подготвена да згази на сè само за да остане релевантна на сцената. За нив, моќта е поважна од достоинството на Албанците, сомнителните зделки со албанофобите вредат повеќе од иднината на стружани.
ВЛЕН остро го осудува овој валкан план и го повикува јавноста да не стане жртва на сценаријата оркестрирани во темни ходници. Прашањето е едноставно и останува неодговорено: за што се договориле Кренар Љога и Апасиев? Да ја продадат Струга? Да ги спречат промените? Да ја одржат во живот скапаната власт со корупција и криминал што владее во Струга во последните 20 години?
Но едно е сигурно: и покрај темните зделки, и покрај тајните и срамни договори, Менди Ќира ќе победи во Струга на 19 октомври. Волјата на граѓаните не се купува, не се заплашува и не се запира со валкани политички договори“, соопшти „Влен“.
Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)