Македонија
Петерсен: Набљудувачката мисија за референдумот во целост ќе ја зачува својата непристрасност во процесот на набљудување
Во пресрет на референдумот, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, амбасадорот Јан Петерсен.
На средбата од страна на Џафери било изразено задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучило да испрати Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември, Џафери меѓудругото на средбата со Петерсен оценил дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на довербата во референдумскиот процес.
Амбасадорот Петерсен даде осврт на активностите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и нагласил дека нејзината улогата е да го набљудува целиот процес на спроведување на референдумот, почнувајќи од јавната пропаганда, нејзиното финансирање, но и медиумското покривање.
Петерсен за време на средбата информираше дека тим од 13 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и околу 250 краткорочни набљудувачи ќе го следат референдумот и ќе оценуваат дали истиот се одвива во демократска атмосфера и во целосна согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди, како и со националното законодавство.
Амбасадорот Петерсен нагласи дека Набљудувачката мисија за референдумот во целост ќе ја зачува својата непристрасност во процесот на набљудување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

