Македонија
Манчевски во посета на Радовиш: Националниот портал за е-услуги е во завршна фаза и следната година ќе биде пуштен во употреба
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска за време на својата посета на Радовиш одржа состанок со претставниците на бизнис секторот. На состанокот се разговараше за двата големи проекти на кои во моментов работи Министерството за информатичко општество и администрација, односно за порталот за отворени податоци и порталот за е-услуги.

„Порталот за отворени податоци е простор каде податоците се произведуваат, отвoраат, збогатуваат и повторно се користат од различни чинители од јавниот, приватниот, академскиот и граѓанскиот сектор. Тоа ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор, зголемување на учеството на граѓаните, како и поддржување на напорите за борба против корупцијата и придонес во создавањето на иновативна клима со нови економски можности за бизнис секторот. Отвореноста и достапноста на податоците од државните институции има за цел да поттикне развој на нови бизниси. Затоа за нас е од голема важност мислењето на бизнис заедницата и нивните предлози за кои податоци им се најпотребни“, исктана Манчевски на средбата.

На состанокот како што истакна министерот Манчевски, во завршна фаза е националниот портал за е-услуги и се очекува веќе на почеток на следната година ќе биде пуштен во употреба.
„Дигитализацијата е високо на политичката агенда на Европската Унија, а со влезот на Македонија во ЕУ, ќе се зголеми и пристапот до фондови во оваа област. Ова е од клучно значење за целосна дигитализација на Македонија, како предуслов за да ги донесеме услугите до граѓаните, и на тој начин да се подобри животот на сите граѓани“, рече министерот Манчевски.

Каталогот на услуги и електронскиот идентитет на граѓаните, беа во фокусот на дискусијата, како проекти од голема важност за работењето на бизнис секторот. Присутните на состанокот ги споделија искуствата и проблемите со кои се соочуваат при функционирањето, а кои можат да се надминат со дигитализацијата на услугите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

