Македонија
Димитров: Убеден сум дека реферeндумот ќе успее

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров изрази убеденост дека референдумот на 30 септември ќе биде успешен. Димитров за време на неговото учество на панел дискусијата „Евроатлантска иднина за Македонија“ во изјава за медиумите посочи дека Македонија секогаш кога има крупна историска раскрсница избира мудро. Реферндумот е политичка легитимација на правецот по кој ние мислиме дека треба да одиме, изјави Димитров, и додаде дека главна тема овие денови секако се европските и евроатлантските интеграции.
„Решивме искрено, храбро и отворено да им погледнеме во очи на проблемите. Успеавме да затвориме еден спор што децении не влече назад и да ги отвориме вратите кон иднината, се работи за нашата стабилност и безбедност, се работи за нашата финансиска благосотојба, и се работи за најдобрата алатка што постои, а тоа се пристапните преговори со ЕУ“, посочи министерот за надворешни работи.
Решението е тука, сите ние како граѓани треба да одлучиме дали ќе одиме напред кон иднина и интеграции, или ќе одиме назад кон изолација, изјави Димитров и додаде дека друга алтернатива за патот напред нема.
Во однос на договорот со Грција, Димиторв вели дека смета дека е многу важно што во овој компромис успеавме да ги зачуваме идентитетот и идентитеските прашања, и додаде дека додека ние чекавме светот не чекаше, не чекаше ниту ЕУ патот станал, вели Димитров многу по стрмен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.