Спорт
„Џевахир холдинг“ за посилен МЗТ
Македонскиот вицешампион и претставник во АБА2-лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, во новата сезона влегува значително засилена со нов спонзор, компанијата „Џевахир Холдинг“. Станува збор за турска компанија, која стои зад висококатниците во општин…


Македонскиот вицешампион и претставник во АБА2-лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, во новата сезона влегува значително засилена со нов спонзор, компанијата „Џевахир холдинг“. Станува збор за турска компанија која стои зад висококатниците во општина Аеродром и со која клубот потпиша едногодишен договор за соработка, со можност истиот да биде продолжен и на подолг период.
На денешната промоција на спонзорството присуствуваа Златко Марин, градоначалникот на општина Аеродром, која е целосен сопственик на акционерското друштво МЗТ Скопје Аеродром, Есер Џевахир, сопственикот на „Џевахир холдинг“ и извршниот директор на клубот, Тони Грнчаров.
„Голема благодарност до ‘Џевахир холдинг’ за инвестицијата во МЗТ Скопје Аеродром, со што уште еднаш покажа општествена одговорност за развојот на спортот и развојот на кошаркарскиот клуб од нашата општина“, изјави Марин.
Првиот човек на „Џевахир холдинг“ исто така изрази задоволство од постигнатиот договор, со надеж дека тој ќе биде потстрек за остварување уште подобри резултати во иднина.
„За нас претставува задоволство што ќе соработуваме со клуб како МЗТ Скопје Аеродром. Се надевам дека оваа соработка ќе биде на подолг рок. Очекуваме клубот да има успеси не само во нашата држава туку и надвор од неа. Меѓутоа, свесни сме дека во спортот има голема конкуренција“, изјави Џевахир.
Директорот Грнчаров, пак, потенцира дека ова спонзорство и тоа како ќе биде од помош за МЗТ Скопје Аеродром.
„Нам како клуб многу ни значи поддршката што ја добивме од ‘Џевахир холдинг’. Секому му се потребни стабилни средства во спортот. Договорот е потпишан на една година, но се надевам дека оваа соработка ќе трае подолго. Засега играчкиот ростер е затворен, а дали во скора иднина ќе треба да се засилуваме, зависи од одлуката на тренерот Ѓорѓи Кочов“, изјави Грнчаров.
На крајот од прес-конференцијата, градоначалникот Марин на сопственикот на „Џевахир холдинг“ му подари дрес на МЗТ Скопје Аеродром со негово презиме, кој, како што потенцира Џевахир, нема да биде носен само од него туку и од неговиот син.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.
Спорт
Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.
Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.
Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.