Црна хроника
МВР: Девојчето од Домот „25 Мај“ не било силувано, мажот се самозадоволувал пред него
Девојчето од Домот „25 Мај“ не било силувано. Мажот кој го намалил девојчето во возилото во Струга се задоволувал пред него и против него е поднесена кривична пријава, соопшти МВР.
На 23 минатиот месец 14-годишна штитеничка од Домот за згрижување на деца и млади со социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ од Скопје, пријави во полиција во Струга дека истиот ден околу 16 часот непознато лице ја силувало близина на село Калишта.
Од МВР велат дека врз основа на гинеколошоките наоди направени врз девојчето, не се најдени траги од насилен сексуален однос.
По преземените мерки и активности, додаваат од таму, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лишена од слобода 35-годишна кумановка: возела „бмв“ со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената
Вчера во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода 35-годишната И.А. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода 30-годишниот Д.Т. од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци, светиниколско.
При претрес во домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога, пронајдени и одземени се неколку пакувања со прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со цигла скршил стакло од прозорец и влегол да краде, го нападнал и сопственикот: истрага за разбојничка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за – Разбојничка кражба според член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 19 октомври осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорецот од спалната соба во куќа на улицата “Благоја Стефковски”. Влегол во куќата и пребарувал, па во една од собите пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари и се обидел да го напушти местото.
Сопственикот на куќата го забележал и сакал да го спречи, но осомничениот физички го нападнал, го турнал во грмушките во дворот и избегал.
Притвор е побаран поради опасноста од бегство, можност за влијание врз сведоците и оштетениот, како и ризикот осомничениот да го повторува делото.

