Македонија
Не можам да бидам осуден со доказ со кој ми се прекршени човековите права, смета Груевски

Во жалбата на експремиерот Никола Грувески, полна со цитати од пресуди на Европскиот суд за човекови права, се наведува дека не може да биде осуден само врз основа на бомбите бидејќи, како што навел, тоа се незаконски обезбедени докази со кои му се прекршени човековите права.
Груевски навел дека бомбите се копија, а не оригинални докази и дека не било дозволено утврдување на автентичноста на бомбите. Груевски во жалбата до Апелацискиот суд пишува дека СЈО ги селектирало само оние бомби кои ним им одат во прилог, а до него лично како обвинет не биле доставени бомбите како доказ. Се жали и на вештачењата на ЕОС консалтинг што ги нарача СЈО.
Денеска е последниот ден Апелацискиот суд да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
За случајот „Тенк“, Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).