Македонија
Министерот за надворешни работи на Луксембург во посета на Македонија
Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, информираат од МНР.
За време на средбата на Аселборн со македонскот министер за надворешни работи, Никола Димитров, како и на пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, се очекува да се разговара за натамошниот развој на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, за надворешно-политичките приоритети на Македонија, како и за актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот, велат од Министерството за надворешни работи, и додаваат дека меѓудругото предвидено е и двајцата министери да ја потпишат Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Во рамките на посетата, соопштуваат од МНР, министерот Аселборн ќе оствари средби и со заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Владата, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

