Спорт
Блик: Господине Шаќири ние не сме залудени со национализам
Главниот уредник на спортската рубрика, на најтиражниот швајцарски весник „Блик“, во својата колумна жестоко го критикувал Џердан Шаќири, поради начинот на кој и се извинил на нацијата поради прославата на голот на мечот со Србија и покажувањето на алб…

Главниот уредник на спортската рубрика на најтиражниот швајцарски весник „Блик“ во својата колумна жестоко го критикувал Џердан Шаќири поради начинот на кој ѝ се извинил на нацијата поради прославата на голот на мечот со Србија и покажувањето на албанскиот орел.
Швајцарците вчера се собраа на подготовките за натпреварите во Лигата на нации, а Шаќири, Гранит Џака и капитенот Стефан Лихштајнер на прес-конференција ѝ се извиниле на нацијата за провокаторското гестикулирање на дуелот со Србија на Светското првенство во Русија.
Уредникот во „Блик“, Феликс Бингезер, пишува дека Џака и Лихштајнер искрено се извиниле за своето однесување, односно дека згрешиле со провокациите, додека изјавата на Шачири ја нарекол глупава.
„Им се извинувам на сите што се почувствувале навредени додека во планините го гледале натпреварот“, рекол играчот на Ливерпул.
Новинарот пишува дека изразот што го употребил фудбалерот „во планините“ е исто како да ги нарекол „селани“ и дека непотребно долеал „масло во огнот“.
„Да господине Шаќири, ние сме планинска земја. Но, господине Шаќири не се сите што живеат во планините со плиток ум и залудени со национализам“, напишал Бингезер.
Тој исто така го критикувал селекторот Владимир Петковиќ што за заменик-капитен го одредил Џака.
„Покажува дека не рабира во каква криза на идентитет се наоѓа неговиот тим. Без да размисли го заобиколува Јан Зомер и го става пред него во таа хиерархија Џака. Зомер би можел да биде оној што би го поврзал овој хетероген тим“.
Уредникот на „Блик“ во колумната побарал и драстични промени во Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, односно дека примерот на претседателот Петер Жилерон, кој ја напушти функцијата, би требало да го следат директорот Клаудио Сулсер и селекторот Владимир Петковиќ.
Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Само бод за Челзи во Карабаг, Пафос го шокира Виљареал
Со две изненадувања започна вториот ден од 4.коло во Лигата на шампионите. Пафос дојде до историската прва победа во елитното натпреварување, на домашен терен триумфираше против Виљареал (1:0). Во Азербејџан, Карабаг успеа да освои бод против Челзи (2:2).
Триумфот на Пафос против „жолтата подморница“ беше прв во оваа сезона и прв во историјата во елитното натпреварување. Ова беше трет натпревар за Пафос, од четири, во кој не прими гол(Олимпијакос, Каират, Виљареал).
Доживеаја само пораз од Баерн (1:5).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Холанѓанецот Дерик Лукасен во 47-та минута кога авторитативно скокна на првата статива и ја затресе мрежата на гостите.
Резултатите на Карабаг во Лигата на шампионите веќе не се изненадување. На домашен терен шампионот на Азербејџан одигра 2:2 со Челзи.
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска ротираше во тимот и тоа скапо го плати. Млафиот Холанѓанец Хато им подари два гола на противниците.
Естевао постигна убав гол во 16-та минута, но до 39-та Карабаг направи пресврт. Леандро Андраде изедначи во 29-та по киксот на Хато, а десет минути подоцна 19-годишниот Холанѓанец направви пенал. Стрелец од белата точка беше репрезентативецот на Црна Гора, Јанковиќ.
Бод на Челзи му обезбеди Гарначо во 53-та минута.
Спорт
Бекер: Очигледно е кој е „ГОАТ“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“.
„Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е Новак“, рече Бекер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е најдобриот во историјата, тоа е очигледно.“
Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ во еден период, од декември 2013 до истиот месец 2016 година.
Спорт
Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Ашраф Хакими ќе отсуствува два месеци
Луис Дијаз го обележа синоешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во четврттата и 32-та минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон.
Десниот бек на ПСЖ, во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот.

Актуелниот европски првак се уште не се огласил по повод повредата на Хакими, додека француските медиуми пишуваат дека Мароканецот ќе паузира најмалку два месеци.
Доколку шепкулациите се точни ова е лоша вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике и селекторот на Мароко Валида Реграги.
Паузата од два месеци значи дека Хакими ќе го пропушти Африканскиот куп, кој започнува на 21 декември. Неиграњето на капитенот Хакими ќе биде голем удар за Мароканците кои имаат најголеми амбиции. Мароко последен пат го освоил Африканскиот куп во далечната 1976 година.

