Македонија
(Видео) Николовска: Домот на млади во Штип исцртан со графити кои предизвикуваат страв и ужас
,,Во што се претвори Дом на млади во Штип – од место во кое царуваше културно забавниот живот на младите, во место кое на младите им промовира неморални и неетички вредности? Директорот ја обои фасадата на објектот во црна боја и ја исцрта со графити, притоа, не водејќи сметка дека пред неколку години, истиот тој објект беше финансиран со средства од Швајцарската амбасада”, изјави Изабела Нонева Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, ова се случи во институција која е платена од граѓаните и ова е одлука на раководител, кој својата плата ја зема од џебот на секој од нас. Оваа негрижа на истиот се манифестира во страв кај најмладите посетители, кои овде треба да се едуцираат и неверување кај родителите кои своите деца неколку пати во неделата ги доверуваат на оваа културна институција, која треба да ги развива нивната култура и позитивно однесување.
,,Затоа, ги повикуваме директорот и градоначалникот да објаснат на јавноста – врз основа на која програма, акт или друг документ е направена промената на фасадата? Која институција има издадено одобрение за сквернавење на местото кое предизвикува носталгични спомени од младоста кај возрасните? Дали и како е направена селекција на уметниците и уметничкото решение за промена на фасадата? И за крај, кој педагог одлучи дека со цртежи кои предизвикуваат страв и ужас се влијае позитивно врз детскиот раст и развој?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

