Регион
Во Црна Гора, осум илјади неписмени

Во Црна Гора има околу 8 000 неписмени лица, а според најновите податоци, тие се постари граѓани кои немале можност да студираат, вели професорот Горан Дринчиќ.
Зборувајќи за статистиката за писменост на децата, Дринчиќ вели дека овој процент е значително помал.
„Единствениот проблем во Црна Гора се многу изолираните области, односно некои национални малцинства каде што има традиционален проблем“, рече Дринчиќ за Телевизија Црна Гора.
Тој рече дека општата писменост во регионот не е загрижувачка.
Коментирајќи го фактот дека младите во говороте користат многу туѓизми, тој рече дека свесното „играње на јазикот” не е проблем.
„Проблемот е ако некој не може да го прилагоди својот јазик на ситуацијата. Ние нема да зборуваме на истиот начин сега за телевизија или ако седевме во кафеана“, додаде Дринчиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.