Македонија
Мендух Тачи не сака преведувач на албански до него, сака превод на глас во судницата
Обвинетиот лидер на ДПА, Мендух Тачи, не го прифати предлогот на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, во предметот „Титаник 2“ преведувачот од македонски на албански јазик да седне до него во судницата за да му преведува цело време за текот на судењето, како право, кое, како што рече Фетаи, го има според Уставот и законите.
Фетаи предложи да се преведат сите записници на албански јазик и да му се преведува усно на Тачи за потоа тој да не се жали на постапката. Тачи претходно рече дека му биле повредени правата за учество на седницата поради јазикот, и побара да му се преведува на глас, како право што му следува според новиот Закон за употреба на јазиците. „Апсолутно не сум имал манипулативни тенденции за ова прашање. Тоа право за кое говори обвинителката ми следува и во Јапонија, Зимбабве. Тоа не е мајчин, туку службен јазик“, рече Тачи во судницата.
Повеќе од половина час Фетаи, судијата Огнен Ставрев и обвинетиот Тачи се расправаа за употребата на јазикот. Поради неприсуство на двајца сведоци на СЈО и дилемите за употребата на јазикот, судењето за предметот „Титаник 2“ е одложено за 1 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

