Спорт
СМС одбил осум милиони евра од ПСЖ
Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) ја одбил понудата на ПСЖ, во летниот преоден рок да се пресели во Париз. Францускиот првак му понудил на СМС годишна плата од осум милиони евра, изјавил менаџерот на фудбалерот на Лацио, Матеја Кежман.
СМС не сакал да ја п…


Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) ја одбил понудата на ПСЖ во летниот преоден рок да се пресели во Париз. Францускиот првак му понудил на СМС годишна плата од осум милиони евра, изјавил менаџерот на фудбалерот на Лацио, Матеја Кежман.
СМС не сакал да ја прифати понудата од Франција, бидејќи имал голема желба да избори пласман во Лигата на шампионите со екипата на Лацио.
„Можеше да заработува многу повеќе во некој друг клуб, доби интересни понуди. Во Франција му беше понуден договор од осум милиони евра, но реши да остане и да се обиде со Лацио да избори пласман во Лигата на шампионите“, изјавил Кежман за „Газета дело спорт“.
Менаџерот на СМС дополнил дека по разговорите со претседателот на клубот и спортскиот директор, Клаудио Лотито и Игли Таре, се согласил неговиот клиент да остане во клубот.
Според него, СМС наскоро ќе добие нов договор, со годишна плата што нема да биде помала од три милиони евра.
„Ги договоривме сите услови, наскоро ќе биде потпишан новиот договор“, потврдил Кежман.
Тој рекол дека неговиот клиент не вреди помалку од 100 милиони евра, во ситуација кога некои клубови се подготвени да издвојат 70 или 80 милиони евра за голман.
Во летниот преоден рок интерес за СМС покажуваа Јувентус, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.
Спорт
Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.
Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.
Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.