Црна хроника
Кривична за директор на „Комуналец“ во Демир Хисар, поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против П.Н.(47) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите, на 13.03.2017 година пријавениот, како директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Демир Хисар, спротивно на Изборниот законик, објавил јавен оглас за прием на еден извршител на работно место „работник за собирање отпад“, по што на 29.03.2017 извршил избор за прием и изготвил решение за распоредување на вработеното лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.