Контакт

Македонија

Дескоска: Ќерката на Никола Димитров доби стипендија, но никој не е дискриминиран

Објавено пред

Во случајот со стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, нема ниту нејзино привилегирање, ниту дискриминирање на кој било друг кандидат, вели поранешната министерка за образование и наука Рената Дескоска откако денес беше објавено дека лани, за време на нејзиното минстерување со образованието стипендија од 40 000 долари за студии во Холандија добила Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

dobivaj vesti na viber

„ Нема ниту нејзино привилегирање, ниту дискриминирање на кој било друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за ќерка на сегашен функционер. За случајот со ќерката на Димитров, законските рокови и условите се целосно испочитувани, затоа што МОН не влијае при упис на кандидатите на странски универзитет, туку доделува стипендија на сите деца кои ги исполнуваат условите без исклучоци, без привилегирање и без дискриминација“, изјави за „Макфакс“ Дескоска.

Таа смета дека во целиот случај на доделување на стипендијата никој не ја злоупотребил службената должност.

„Злоупотреба на службена должност постои во два случаи: доколку на некој студент кој не ги исполнува условите му биде доделена стипендија и доколку на некој кој ги исполнува условите не му биде доделена стипендијата. Ниеден од овие два случаи не се присутни при доделувањето на стипендијата на ќерката на Никола Димитров“, вели Дескоска.

Таа  сугерира дека добро би било јавноста да изврши увид на листата на стипендисти за студирање во странство во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во кое, како што вели, може да се видат многу звучни имиња, но, притоа и да се изврши увид дали при доделувањето на тие стипендии биле исполнети условите што се барале.

Фото: Фејсбук

Нагласува дека доделувањето  стипендии во 2017 година се одвивало во законска постапка и врз основа на пропишани критериуми, а условите што требало да ги исполни секој кандидат биле јасни, прецизни и правно уредени. Секој кандидат кој ги исполнувал условите за доделување стипендија за студирање на најдобро рангираните 100 универзитети бил стипендиран. Во конкурсот немало ограничување на бројот на места, а во 2017 година, според Дескоска, имало помалку кандидати од одобрените средства за стипендии.

Дескока има објаснување и за парите исплатени во изборен период кога на институциите им се забранети такви активности.

„Заради појаснување на постапката, формираните комисии одлучуваат во определни интервали, согласно со доставените пријави за стипендирање. Заради почитување на законските рокови, сите одлуки се донесени пред распишување на изборите. Секако, јасно е дека не е возможно одлучување по изборите бидејќи на тој начин студентите ќе ја испуштат учебната година која почнува или во септември или октомври, зависно од универзитетот. Поради изборите беше поместено и одлучувањето за стипендиите за Шефилд кои ги доделува МОН во содејство со претседателот на РМ“, објасни Дескоска.

И од Министерството за образование тврдат дека нема ништо спорно во одобрените 40 000 долари на ќерката на Димитров.

„Дали апликантот има родители/старатели и дали извршуваат јавна функција, работат во државната администрација или во приватниот сектор, како и нивниот материјален статус, никогаш не било критериум. Секој кој ги исполнува условите има право на овој тип стипендија и досега правото го искористиле повеќе од 200 апликанти. Согласно со конкурсот, Министерството доделува стипендија најмногу во висина до 40 000 американски долари на годишно ниво за покривање на трошоците за уписнина на апликантот. Доколку износот на уписнината е поголем, разликата ја надоместува апликантот. Овие средства (до 40 000 американски долари на годишно ниво) се префрлаат директно на високообразовната установа каде студентот е запишан, односно тој воопшто не ги добива на неговата сметка “, велат од Министерството за образование.

Од таму не одговорија дали гледаат непотизам и судир на интереси во одобрувањето на стипендијата.

И министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не одговори на прашањата поврзани со стипендијата на неговата ќерка. Од неговиот кабинет за попладнево најавија официјална реакција и објаснија дека министерот е зафатен со посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Официјална реакција за стипендијата на ќерката на Димитров стигна од Влада, велат дека ги исполнила сите строги критериуми на конкурсот, а стипендии добиле сите кои се запишале на првите 100 универзитети од шангајската листа со тоа што останале и слободни места.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;

· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;

· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;

· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет7 минути

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет11 минути

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа24 минути

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа1 час

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа2 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет2 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ12 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија13 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија17 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....

Македонија17 часа

Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина...

Македонија19 часа

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца –...

Македонија20 часа

Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците

Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на...

Топ21 час

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане. Како што информираат...

Македонија21 час

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските...

Култура24 часа

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

За многумина, таа беше дел од најубавите спомени – насмевката и гласот што нè пречекуваа во „Чук-чук, Стојанче“ и нè...

Европа24 часа

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет1 ден

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа1 ден

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...