Македонија
(Видео) Заев: Референдумот ќе успее, цензусот ќе биде надминат

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Столтенберг лично ја потпишал поканата за членство на 12 јули. Тој нагласи дека тоа ја афирмира грижата за безбедноста и стабилноста на земјата.
„Владата презема низа активности за влез во НАТО. Формиравме комитет со кој ќе претседавам јас. Спремаме план за имплементација на реформи во согласност со НАТО, посебен акцент на владеење на правото, борба со корупција, безбедносните служби.
Премиерот Заев рече дека претстојниот референдум ќе биде важен предизивик за земјата и дека е сигурен оти ќе успее.
„Се сметам за најголем оптимист, како наближува историскиот ден 30 септември сè повеќе имам причини да не размислувам што ако. Убеден сум дека цензусот ќе биде видливо надминат и веке немам дилема“, порача Заев.
Тој истакна дека се наоѓаме на историски крстопат за иднината и ја повика опозицијата да покаже единство и да се вклучи во процесите.
„ЕУ и НАТО се приоритети. Кампањата е базирана на транспарентост и објективно да ги информираме граѓаните за придобивките од членството. Успешен референдум за да продолжиме со уставните измени и протоколот за НАТО да го потпишеме на почетокот на 2019 година. Анкетите охрабруваат, граѓаните сакаат во НАТО и ЕУ, 75 проценти го поддржуваат референдумот“, додаде Заев.
На прашањето дали смета дека Русија се обидува да го спречи членството на Македонија во НАТО, Заев рече дека главна цел е да се гради пријателство со сите, вклучително и со Русија.
„Знаете дека од ’93 година имаме едногласна одлука за членство во ЕУ и НАТО, тоа беше потврдено пред 2 месеца со декларација од Собранието. За мојата земја нема друга алтернатива освен влез во ЕУ и НАТО. Наша цел е да градиме пријателство со сите, вклучително и со Русија. Во изминатите 20 години имавме големи очекувања во овие интегративни процеси се надевам дека ќе бидеме членки на НАТО и ЕУ“, одговори Заев.
Тој и лично му се заблагодари на Столтенберг за поддршката и рече дека со нетрпение очекува да биде Македонија раноправна членка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.