Свет
„И јас ќе протестирав да не бев министер“, вели Зихофер за протестите во Хемниц
Клучниот сојузник на германската канцеларка, Ангела Меркел, и министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, изјави дека и самиот би излегол да протестира поради убиството на еден Германец во Хемниц да не беше министер, пренесува „Раша тудеј“.
Лидерот на ЦСУ, баварската сестринска партијата на конзервативната ЦДУ на Ангела Меркел, зборуваше за масовните немири во градот Хемниц, каде што еден Германец беше убиен во тепачката со азиланти. Коментирајќи го хаосот што подоцна го зафати градот, тој рече дека ќе им се приклучел на протестите ако околностите биле поинакви.
„Да не бев министер, ќе излезев на улиците како граѓанин, но, се разбира, не со радикалите”, изјави Зихофер за „Рајнише пост” во четвртокот и додаде дека разбира зошто има толку многу бес во општеството поради убиството.
Во очигледен обид да ги „ублажи“ своите коментари, Зихофер додаде дека треба да има нулта толеранција кон оние што ги користат овие инциденти за поттикнување насилство и дури и користат сила, вклучително и против полицијата. Според него, луѓето што го практикуваат поздравот на Хитлер – како дел од крајно десничарските демонстранти во Хемниц – треба да бидат кривично гонети и дека партијата ЦСУ нема да се прави дека не го гледа сето тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на „Guitar Art“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.