Контакт

Економија

Тевдовски: Рекорден поврат на ДДВ во август од 44 милиони евра

Објавено пред

Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, истакна денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, по завршување на Комитетот за финансиска стабилност на кој присуствуваше и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска.

dobivaj vesti na viber

Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на месечна основа во последниве 5 години од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра.

„Преку навремениот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите и се стимулираат инвестициите. Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе 5 години. Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството од почеток на годинава, само по основ на поврат на ДДВ“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии рече дека стабилноста во финансискиот сектор се огледа и во реалниот сектор. Како што посочи Тевдовски, последните податоци за растот на економијата во второт тримесечје од 3,1% покажуваат дека македонската економија се движи во вистинска насока.

„Сите макроекономски индикатори покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока. Индустриското производство од почетокот на годинава има кумулативен раст од 5%. Последниве два месеца има високи стапки на раст на индустријата од 12% во јуни и 8,4% во јули. Имаме висок раст на извозот од почетокот на годинава од 14%. Странските директни инвестиции во првата половина на годината се 325 милиони евра, што е двојно повисоко од просекот од последните три години. Денеска излезе и стапката на невработеност, која е намалена од 21,6 на 21,2%. Имаме раст на платите кој е значаен и изнесува 5,6%. Ако ги погледнете сите податоци од наплата на даноци во буџетот, тие се согласно со проекциите“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека врз основа на сите овие податоци се очекуваат добри економски резултати до крајот на годината.

Комитетот за финансиска стабилност се одржува во насока на подобра координација помеѓу Народната банка и Министерството за финансии. Тој се одржува на секои 6 месеци.

Економија

Од полноќ поскапуваат бензинот, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 отсто во однос на одлуката од 20 јуни.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за 2,172%, кај екстра лесното масло за 6,442% и кај мазутот зголемувањето е за 2,609%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578%.

Од 24.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,687 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси.

dobivaj vesti na viber

Хидроелектраната „Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за производство на електрична енергија од обновливи извори, но и како заштита од поплави на сливот на реката Треска.

„Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, затекната беше исклучително тешка хидролошка состојба. Нивото на водостојот во акумулациите беше под алармантни 4%, што сериозно ја загрозуваше енергетската стабилност на државата. Но, преку одговорно и домаќинско менаџирање, координација со институциите и стратешко планирање на производството, денес состојбата е значително подобрена. Последните податоци покажуваат дека водостојот во акумулациите надминува 50% – јасен показател дека системот се стабилизира“, рече Божиновска.

Министерката истакна дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем кој има повеќекратна функција.

„ХЕ ’Козјак‘ е пример за одржлива инвестиција – произведува чиста енергија, штити од поплави и позитивно влијае на локалната микроклима. Овој капацитет ја покажува вредноста на стратешкото планирање во енергетиката“ изјави министерката Божиновска.

За време на посетата, министерката беше информирана од страна на раководството на ХЕ „Козјак“ и претставниците на АД „ЕСМ“, дека објектот се одржува согласно највисоките безбедносни и еколошки стандарди, со редовен мониторинг на состојбата на браната, нивото и квалитетот на водата, како и биодиверзитетот во езерото.

Министерството за енергетика најавува дека во следниот период ќе се работи на подготовка на студии за можни подобрувања: зголемување на капацитетот, подобрена автоматизација и воведување на нови технологии за управување со резервите на вода.

„Ќе продолжиме со инвестиции во модернизација на постојните капацитети и во развој на нови проекти од хидроенергетиката. Нашата цел е јасна: стабилен, чист и независен енергетски систем“ нагласи министерката Божиновска.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскап дизел

Објавено пред

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

dobivaj vesti na viber

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Свет2 часа

Трамп: Не ги зголемувајте цените на нафтата, ве гледам, работите во корист на непријателот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати порака на својата платформа Truth Social, предупредувајќи ги „глобалните играчи“ да не ги зголемуваат...

Македонија4 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија5 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија7 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет10 часа

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија10 часа

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија11 часа

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ1 ден

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет1 ден

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија1 ден

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија1 ден

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ1 ден

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија1 ден

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет1 ден

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија2 дена

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ2 дена

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија2 дена

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...