Македонија
Ахмети: Австрискиот канцелар се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со австрискиот канцелар, Себастијан Курц. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало отворено и пријателски за предизвиците на Македонија и регионот, при што австрискиот канцелар ја истакнал големата австриска поддршка за евро-атланската интеграција, но и за потребата од понатамошни реформи.
„Добрите пријатели се посебна вредност и Себастијан Курц е еден од нашите најголеми поддржувачи. Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех, евро-атланската интеграција”, истакна Ахмети на средбата со Курц.
Ахмети исто така изразил и благодарност за поддршката и вети дека тој и ДУИ со посветеност ќе работат за реализација на договорот, но и за понатамошно реформирање на општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Синдикатот на „Паркови и зеленило“ излегува на протест, бараат исплати и надоместоци

Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.
Во соопштението до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи на 2 и 3 октомври, во период од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Синдикатот наведува дека протестот се организира согласно законските прописи и колективниот договор, со кој се утврдени правата на вработените за плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини.
Барањата на синдикатот се: исплата на платата за август за фирмите „Флораком ДООЕЛ“ и „Луна ДООЕЛ“, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работниците со престанат работен однос.
За медиумите е најавена прес-изјава на 2 октомври во 10:15 часот на раскрсницата на бул. „Илинденска“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Да се осуди говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, денеска на прес-конференција изјави дека партијата најостро го осудува говорот на омраза насочен кон нивната кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска.
„Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска,“ рече Митева.
Таа додаде дека „овој тип на напади, кои не се аргументирани ниту се базираат на критика за политички ставови или јавни настапи, туку се сведуваат на лични навреди, сексистички коментари и деградација на жената како личност, претставуваат закана не само за слободата на изразување, туку и за достоинството на секоја жена која се бори да биде дел од јавниот и политичкиот живот.“
Митева порача дека жените во политиката секојдневно се соочуваат со пречки, а „кога тие напади доаѓаат во форма на отворен говор на омраза, тогаш тоа е аларм кој не смее да го игнорираме.“
„Ве повикувам сите вас, граѓаните, организациите на женските права, сите политички партии, кандидатите за градоначалници, носителите на советничките листи, Хелсиншкиот комитет и сите граѓански здруженија, кои се борат против дискриминација и говор на омраза, да заземат јасен став и јавно да го осудат ваквиот напад,“ рече таа.
„Ова не е само напад само врз една жена или девојка, ова е напад врз сите оние кои одлучиле да не молчат, да бидат активни и да се борат за промени. Нашата борба против говорот на омраза нема да престане, а поддршката за нашата Луна е безрезервна,“ истакна Митева.
Таа заклучи дека „во време кога како општество треба да градиме толеранција, дијалог и еднаквост, секој ваков случај мора да биде јавно осуден и институционално санкциониран.“
Македонија
„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за членството на Украина во Европската унија, пишува „Политико“.
Иако формално дел од европските лидери остро се спротивставуваат на Орбан поради неговата близина со Москва и антагонизмот кон Киев, други гледаат во ова можност да го одбранат своето право на вето во процесот на проширување на Унијата.
Како што наведува „Политико“, Бугарија сака да го задржи правото да го блокира членството на Северна Македонија, а слични позиции имаат и други земји – Грција кон Турција, а Хрватска кон Србија.
„Очигледно Унгарците ги блокираат Украинците. Но, тоа не е сè. Бугарите сакаат да можат да ги блокираат Македонците, Хрватите сакаат да ги контролираат Србите, Грција и Кипар не сакаат Турција да се приближи кон ЕУ, а Грција сака да има око и врз Албанија,“ изјавил европски дипломат за „Политико“.