Топ
Исчезната 14 годишна штитеничка на Центарот за социјални работи Македонски Брод

Во полициската таница Македонски брод вчера во 08,30 часот е пријавено дека од дома во непознат правец се оддалечило 14 годишно девојче.
Девојчето е штитеничка на Центарот за социјални работи од Македонски брод и била сместена во згрижувачко семејство.
Исчезнувањето го пријавила Б.В.(31) од село Долни Манастирец, и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.
Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.
Свет
Трамп не им кажал на сојузниците во Европа какви отстапки би можел да направи Путин

По средбата во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со европските лидери, но не прецизираше какви отстапки би можел да понуди Путин, објавува „Си-би-ес њуз“.
Медиумот наведува дека меѓу руските барања се територијата во Донецк која сè уште не е целосно под контрола на руските сили, заштитата на рускиот јазик и барањата поврзани со Руската православна црква.
Според истиот извор, меѓу европските дипломати расте загриженоста дека Трамп може да се обиде да го принуди Володимир Зеленски да се согласи на такви услови за време на состанокот во Белата куќа во понеделник.
Исто така, постојат отворени прашања дали Путин се откажал од барањето за демилитаризација на Украина и каква ќе биде судбината на санкциите против Русија.
Свет
Зеленски го отфрли планот на Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план поддржан од Доналд Трамп, објави Ројтерс. Зеленски јасно рече дека таква опција не е можна.
По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Трамп разговараше со Зеленски повеќе од час и половина. Лидерите на НАТО и европските земји се придружија на поканата.
Според извор запознаен со разговорот, Трамп му рекол на Зеленски дека Путин е подготвен да престане да се бори на други фронтови ако Украина се повлече од истокот на земјата. Зеленски одби, нагласувајќи дека нема повлекување од Донбас.
„Фајненшл тајмс“ претходно денес објави дека на самитот со Трамп, Путин побарал Украина да се повлече од регионот Донецк во замена за замрзнување на фронтот во регионите Херсон и Запорожје. Потоа „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп го поддржува планот и верува дека мирот може брзо да се постигне ако Украина се согласи да го предаде остатокот од Донбас, вклучително и областите што не се заземени од руските сили.
Трамп и Зеленски треба да се сретнат во понеделник во Белата куќа, а поканети се и европски лидери, иако сè уште не е јасно кој од нив ќе одговори.
Зеленски јасно ја отфрли можноста за повлекување од Донбас и минатата недела. „Ако денес се повлечеме од Донбас – од нашите утврдувања, од теренот и височините што ги држиме, очигледно ќе им го отвориме патот на Русите за нова офанзива“, рече украинскиот претседател.
Таквиот план би бил спротивен и на предупредувањата од европските лидери дека секој мировен договор мора да го почитува територијалниот интегритет на Украина и принципот дека меѓународните граници не можат да се менуваат со сила. Таквиот предлог би барал и одобрение од украинскиот парламент.