Спорт
СЕХА: Вардарци со драматична гостинска победа во Прешов (видео)
Вардар го продолжи совршениот старт на новата сезона во СЕХА Газпром лигата, откако во драматична завршница триумфираше со 27:26 (13:10) на гостувањето кај Татран Прешов во Словачка.
Ова е трета победа во третиот меч од регионалната лига за актуелниот …


Вардар го продолжи совршениот старт на новата сезона во СЕХА Газпром лигата, откако во драматична завршница триумфираше со 27:26 (13:10) на гостувањето кај Татран Прешов во Словачка.
Ова е трета победа во третиот меч од регионалната лига за актуелниот шампион, и до неа стигна најтешко, откако Стас Скубе во последната минута постигна гол за победа, а потоа ударите на Урбан и Буторац беа одбранети, односно блокирани.
Домаќините очигледно сакаа да го земат „скалпот“ на вардарци, по подобриот старт на мечот, во кој водеа со 5:3 и 8:5, но потоа Вардар се врати од 10:7 негатива до 10:13 водство на полувреме. Предноста од два-три гола, македонскиот шампион ја одржуваше во текот на целото второ полувреме, пред во финишот словачкиот тим да се доближи и да израмни на 25:25 на три минути пред крајот на мечот.
Вуко Борозан беше најрасположен кај „црвено-црните“ со шест гола, пет уфрли Карачиќ, а четири Криштопанс, додека кај домаќините најефикасен беше Лукаш Урбан со девет постигнати голови. Милосављев на голот на Вардар имаше 14 одбрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ФИБА ги казни тепачите од Аргентина и Доминиканска република

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече суспензии и казни по натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република на Купот на Америка.
Сликата на Гонзало Бресан како го напушта теренот облеан во крв по тепачката помеѓу играчите на двете репрезентации го засени натпреварот.
Тензиите што се создаваа за време на натпреварот избувнаа по последниот звук на сирената.
Инцидентот кулминираше мешу Дејвис-Џонс и Бресан, по што се вмешаа и останатите од двата тима.
ФИБА ги суспендираше двајцата на по два натпревари. Аргентинците Франциско Кафаро и Хуанпи Волет беа суспендирани на по еден натпревар, а тренерот Пабло Приџони беше казнет со 2.000 швајцарски франци. Аргентинската федерација ќе мора да плати 20.000 франци.
Во Доминиканската Република, Хуан Гереро и Хуан Суеро беа суспендирани на по еден натпревар, додека Анхел Делгадо е условно суспендиран на еден натпревар.
Tremenda trifulca luego del fin del partido donde República Dominicana venció a Argentina en tiempo extra. pic.twitter.com/PW9MHqbI8L
— 8DeportivoTN8 (@8DeportivoTN8) August 24, 2025
Pablo Prigioni's Argentina fights rival Dominican Republic after FIBA loss
2 years ago the DR kept Argentina out of the World Cup
Prigioni in 🇦🇷 huddle calls St John's 🇩🇴 Joel Soriano "the fat guy who can't move"🤣
Spurs David Jones-Garcia (#8🇩🇴blue) is provoked, throws down🥊 pic.twitter.com/d8BqnJmoGS
— New York Basketball (@NBA_NewYork) August 25, 2025
Спорт
Каират го елиминира Селтик, ќе игра во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Каират направија големо изненадување, први што се квалификуваа за Лигата на шампионите од клубовите кои се бореа за место во елитното европско натпреварување преку квалификациите.
Во плејофот, шампионот на Казахстан беше подобар од шампионот на Шкотска, тимот на Селтик. Откако првиот натпревар во Глазгов заврши нерешено 0:0, во реваншот во далечниот Алмати (6.000 км воздушно растојание помеѓу Глазгов и Алмати) резултатот по регуларните 90 плус дополнителни 30 минути гласеше идентично 0:0, а по изведувањето на пенали, фудбалерите на Каират славеа со 3:2.
Херој беше 21-годишниот голман Темирлан Анарбеков, тој им одбрани три пенали на играчите на Селтик и му го трасираше патото на својот тим во главната фаза од Лигата на шампионите.
Каират стана вториот тим од Казахстан кој стигна до главната фаза од Лигата на шампионите. Претходно тоа и успеа на Астана во сезоната 2015/16.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најскапото засилување во историјата на Аталанта се пресели во Бешикташ

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната.
Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра.
Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи сериозна повреда на тетивата, што го спречи да игра до февруари.
Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Бешикташ.
Претходниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не беше задоволен од неговата форма, а новиот тренер на „Ла Деа“, Иван Јуриќ, очигледно не смета ниту на него.
Тој одигра вкупно 17 натпревари за Аталанта, постигнува три гола, додека минатата сезона одигра и 17 натпревари за Штутгарт, постигнува три гола.
Туре е роден во Брегот на Слоновата Коска, но игра за репрезентацијата на Мали, вза која одигра 25 натпревари и постигна девет гола.