Свет
Трамп: Северна Кореја испрати позитивна порака

Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска оцени дека Северна Кореја испрати „голема и многу позитивна” порака со тоа што не прикажа ниту една од своите интерконтинентални балистички ракети за време на воената парада по повод 70. годишнината од основањето на Северна Кореја.
Американскиот претседател, Трамп во една од своите пораки на својот „Твитер” профил му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
…its commitment to denuclearize.” @FoxNews This is a big and very positive statement from North Korea. Thank you To Chairman Kim. We will both prove everyone wrong! There is nothing like good dialogue from two people that like each other! Much better than before I took office.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 9, 2018
Аналитичарите во пресрет на парадата во Северна Кореја претходно предивиделе дека севернокореанскиот лидер Ким Џонг Ун ќе биде претпазлив кога е во прашање покажување на воениот арсенал.
North Korea has just staged their parade, celebrating 70th anniversary of founding, without the customary display of nuclear missiles. Theme was peace and economic development. “Experts believe that North Korea cut out the nuclear missiles to show President Trump……
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 9, 2018
Оваа негова одлука е по самитот со претседателот на САД Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Џими Кимел се враќа на екранот

Американскиот водител Џими Кимел утре се враќа на екранот со својот популарен ноќен шоу-програм, откако продукцијата беше привремено стопирана поради неговите контроверзни коментари за убиството на Чарли Кирк, соопшти Дизни.
„Емисјата ја суспендиравме за да избегнеме дополнителни тензии во чувствителен момент за земјата“, порачаа од компанијата, додавајќи дека по разговори со Кимел, одлучиле да продолжат со снимањето.
Кимел, познат по својата критика кон Доналд Трамп, на 14 септември коментираше дека осомничениот напаѓач, Тајлер Робинсон, бил поддржувач на поранешниот претседател. Тој ја исмеа и реакцијата на Трамп по убиството на Кирк, прикажувајќи изјава во која претседателот зборува за реновирање на Белата куќа.
„Ова не е начин на кој возрасен човек тагува по убиство на пријател. Вака четиригодишно дете тагува за златна рипка“, саркастично додаде Кимел.
Емисјата на Кимел се емитува на „Еј-би-си“, телевизија во сопственост на Дизни.
Свет
Франција ја призна Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва на Генералното собрание на ОН потврди дека Франција ја признава Палестина како независна држава.
Со ова, Франција се приклучува на земји како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, кои го направија истиот чекор во последните недели.
„Светот е на чекор до губење на шансата за мир. Време е да се стави крај на војната во Газа“, порача Макрон, додавајќи дека решението со две држави е единствен пат.
Израел остро реагираше, оценувајќи дека признавањето е награда за тероризмот и повтори дека палестинска држава нема да се случи.
Палестинските власти го поздравија чекорот и го оценија како неповратен пат кон дводржавно решение.
Со Франција, вкупно 153 земји-членки на ОН – речиси 80 отсто ја имаат признато Палестина.
Во меѓувреме, Израелската офанзива продолжува. Според здравствени власти во Газа, во последните 24 часа загинале 61 лице, со што вкупната бројка од 7 октомври 2023 достигнува 65.344 загинати.
Свет
Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

Москва вечерва беше нападната со беспилотни летала.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека противвоздушните сили собориле вкупно девет дронови , а подоцна уште два. Жителите на Московскиот регион слушнале експлозии на пристапот кон градот, а според првите информации што ги објавија руските медиуми, нема повредени или голема материјална штета.
Многу откажани и одложени летови
Повеќе од 35 летови беа откажани и одложени на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради украински напади со беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.
„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а уште еден откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири летови беа одложени во Внуково“, објавуваат руските медиуми.
Руските медиуми наведуваат дека по нападот, тајната служба на ФСБ и Истражниот комитет ќе спроведат истрага и дека се очекува кривична постапка за тероризам. Оперативните служби на терен ги проверуваат остатоците од беспилотните летала и проверуваат дали предизвикале дополнителна штета.