Спорт
Ѓоковиќ го освои Ју-Ес Опен
Новак Ѓоковиќ трет пат во кариерата ја освои титулата на Ју-Ес Опен. Во финалето, српскиот тенисер го победи Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро, со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). Ѓоковиќ со победата што му ја донесе 14.гренд слем титулата во кариерата се искачи…


Новак Ѓоковиќ трет пат во кариерата ја освои титулата на Ју-Ес Опен. Во финалето, српскиот тенисер го победи Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро, со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). Ѓоковиќ со победата што му ја донесе 14.гренд слем титулата во кариерата се искачи на третото место на АТП листата.
Дуелот на најголемиот тениски стадион во светот, се одигра пред 24.000 гледачи, кои во најголем дел навиваа за Дел Потро. Србинот неколку пати, во текот на мечот, жестоко реагираше кон публиката, но успеа да се избори со тој притисок, особено во осмиот гем од вториот сет, кој траеше 20 минути и потоа во тај-брејкот на тој сет, кога од 1:3 успеа да го освои сетот со 7:4.
A bit nervous Novak? #USOpen (GIF @ashishtvslams) pic.twitter.com/KGJMu2kAhs
— We Are Tennis (@WeAreTennis) September 9, 2018
Првиот сет го реши еден брејк, кој го направи Ѓоковиќ во осмиот гем кога од 40:0 успеа да дојде до брејк, а еден брејк беше клучен и во третиот сет, иако Ѓиковиќ направи брејк, а Дел Потро возврати со ри-брејк, сепак Србинот до крајот уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот.
Со победата во Њујорк, Ѓоковиќ на вечната листа на играчи со најмногу гренд слем титули се израмни со својот идол, Пит Сампрас. Пред него се само Рафа Надал (17) и Роџер Федерер (20).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.