Црна хроника
Изминатите три дена во Скопје 26 сообраќајни незгоди и 14 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди, од кои три со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 17 со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица добиле тешки телесни повреди и девет лесни телесни повреди.
77 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 68 возачи бидејќи 35 го управувале возилото под дејство на алкохол, 23 пред да стекнат право на управување моторно возило и 10 биле возачи почетници.
18 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се и 10 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување пешаци, еден неправилно се престорил, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 70 мандатни платни налози, а исто така 48 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.