Македонија
Асоцијацијата „Исток“ ги поздравува измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај
Асоцијацијата „Исток“ е единствена асоцијација на превозници која обединува 90 отсто од легитимните превозници во земјата. Ние со години се бориме за правата на превозниците и работиме на решавање на проблемите поврзани со превозот, изјави претседателот на асоцијацијата, Горан Трпковски, во пресрет на измените на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Еден од долгогодишните проблеми со кои се соочуваа превозниците е секако превозот на учениците и тендерите што ги распишуваа училиштата, вели Трпковски и додаде дека асоцијацијата ги поздравува измените и дополнувањате на Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои на нов начин се уредува превозот на учениците, и тоа со постојните општински и меѓуопштински линии.
„Убеден сум дека овој начин на организирање на превозот на учениците најпрвин е економски оправдан и ќе ги намали огромните трошоци што досега го оштетуваа буџетот, а воедно ќе им се овозможи поголема достапност на учениците со мрежата на одобрени линии. Во името на нашите членки и сите превозници, уште еднаш ги поздравувам измените на Законот за превоз во патниот сообраќај за кои сум убеден дека се идеално и долгоочекувано решение за превозот на учениците“, изјави Трпковски.
Истовремено, тој вели дека ја користи оваа шанса и да упати апел до највисоките надлежни институции да се преземат мерки за сузбивање на нелегитимната конкуренција таканаречена диви превозници од причина што овој проблем, како што посочува, не го засега само приватниот сектор, туку и јавниот интерес ако се имаат предвид штетните последици врз буџетот, кој на годишно ниво изнесува околу 600.000.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

