Свет
Жените се цел на 76 проценти од исламофобични напади
Жените од исламска вероисповед биле цел на најмалку 76 проценти од исламофобичните напади во Белгија, изјави едно здружение против исламофобија во земјата.
Белгиското здружение за превенција на исламофобија (ЦЦИБ) објави извештај за нападите што се случиле во 2017.
Според извештајот, во нападите најчесто цел биле религиозните објекти, а неретко се ширела омаза и на социјалните мрежи, како и физички напади врз луѓе.
„Во Белгија има во просек по еден исламофобичен напад секој втор ден“, се вели во извештајот.
Најмалку 29 проценти од исламофобичните напади се случуваат на интернет, 17 проценти во секојдневието, 14 проценти на работното место, 8 проценти во политичката сфера.
Здружението вели дека извештајот се базира на информациите прибрани од нападнатите.
Извештајот покажува и дека жените од исламска вероисповед се најчесто цел на напаѓачите, поради превезот на главата, а напаѓачите најчесто биле мажи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.