Свет
(Видео) Русија ги почна најголемите воени вежби
Најголемите воени вежби во современата историја на Русија, „Исток 2018“, почнаа денеска на Далечниот Исток, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Во рамките на вежбите учествуваат 300.000 руски војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, до 36 илјади тенкови, оклопни возила, 80 брода и бродови за поддршка, соопшти руското Министерство за одбрана. Вежбата ја следи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Massive international military drills Vostok-2018, said to be comparable with Soviet-era Zapad-81, kick off in Russia’s Far East #Russia #Vostok2018 #Military pic.twitter.com/y3S14eH23C
— Ruptly (@Ruptly) 11 September 2018
Слични по обем воени вежби не биле спроведени од 1981 година кога беше одржана „Запад-81“ со учество на околу 100.000 луѓе.
Најголемите воени вежби ќе траат до 17 септември.
На Дальнем Востоке России стартовали маневры войск (сил) #Восток2018. В ходе них будут отработаны вопросы применения межвидовых войсковых группировок в интересах обеспечения военной безопасности РФ https://t.co/vwAU8Kkabs #ВВО #ТОФ #Маневры #Цугол #БоеваяПодготовка pic.twitter.com/RPgtR9zdht
— Минобороны России (@mod_russia) 11 September 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

