Култура
Македонија не ги искористува европските пари за филм и аудиовизулени индустрии

Македонски проекти поврзани со продукција и дистрибуција за три години добиле 643.006 евра од програмата „Медија“, што нè сместува во земји со низок капацитет на искористување на расположливите средства.
Станува збор за средства од програма на Европската комисија за поддршка на културата и аудиовизулениот сектор, односно потпрограма на „Креативна Европа“ за финансиска поддршка за развој, дистрибуција и промоција на европскиот филм и аудиовизулените индустрии.
Според раководителката на македонската канцеларија на „Медија“, Бистра Георгиева, интересот за поддршка од овие европски пари кои можат да го помогнат македонскиот филм и аудиовизулените индустрии воопшто е многу мал. За три години 13 апликации добиле поддршка, а годишно аплицираат пет проекти.
„Не може точно да се каже зошто интересот е мал. Можеби поради неинформираност, а можеби бидејќи не знаат точно како да го поминат административниот дел на пакување на апликациите. Секако, која и да е причината, се надевам дека ќе се зголеми интересот за средствата од ‘Медија’. Ние сме нискорангирани во искористеноста на севкупниот буџет и тоа треба да се смени во интерес на нашата филмска уметност“, смета Георгиева.
Вкупниот буџет на „Медија“ за период од 2014 до 2020 година изнесувал 800 милиони евра, а во периодот од 2021 до 2027 година тој ќе се зголеми на 1 милијарда евра. „Медија“ во Европа поддржува развој на 400 филма годишно, дистрибуција на исто толкав број филмови. На Канскиот филмски фестивал во 2018 година 18 филма биле со поддршка на „Медија“, од кои 4 во официјалната конкренција.
Годинешното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во своите селекции ќе има 7 филма со поддршка на „Медија“, од кои 3 во официјалната конкуренција.
„Медија“ ја поддржува и европската мрежа на киносали, во која се вклучени околу 1.100 европски кина во 34 земји. Како дел од оваа мрежа во Македонија се Центарот за култура -Битола, киното „Милениум“ и киното „Фросина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Актерот на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски е добитник на наградата за најдобра споредна машка улога на четвртото издание на Театарскиот фестивал „5РЕ” во Велес. Наградата ја доби за улогата на Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“ во продукција на Драмски театар Скопје.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски и во образложението на наградата се истакнува неговата фантастична изведба на ликот Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“ и се додава: „Сашо Тасевски, со неговиот хумор, енергија и актерска виртуозност, ја донесе една од најзначајните улоги во оваа претстава. Неговата игра ги плени сите сетила, одржувајќи баланс меѓу забавата и длабоките емоции што го носат со себе карактерите од оваа комедија“.
Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата на претставата. Во уметничкиот тим што ја работеше „Фамилијата Адамс“ се сценографот Никола Пијанманов, костимографите Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, а музиката е на Енес Беговски. Кореографија ја направи Бојан Лазаров.
Ликовите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Гомез Адамс – Предраг Павловски, Мортиша Адамс – Трајанка Илиева Вељиќ, Бабата – Гордана Ендровска, Венздеј Адамс – Нина Елзесер, Фестер Адамс – Сашо Тасевски, Пагзли Адамс – Томислав Давидовски, Лукас, момчето на Венздеј – Марјан Наумов, Деби, бившата љубов на Фестер – Емилија Мицевска, таткото на Лукас – Златко Митрески и мајката на Лукас – Маја Вељковиќ Пановска.
Ликовите на ДУХОВИ во претставата „Фамилијата Адамс“ ги играат студенти на Факултетот за драмски уметности и Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима: Јована Миладинова, Ема Лазарова, Луна Миќевиќ, Стефан Арсиќ, Кристијан Петковски, Енис Билаловиќ, Анастасија Митровска и Мартин Мазнев. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.
Режисерката Теа Беговска во програмската белешка истакнува дека: „Фамилијата Адамс, овие добро препознатливи и екцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на Светот (каде се закопани нивните предци) – “танцуваат” во СВОЈАТА нормалност, во СВОИТЕ вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде се слави смртта, но, се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс“.
Претставата Фамилијата Адамс е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје и наредната изведба е на 26 април во 20 часот. Тоа ќе биде нејзина тринаесетта изведба по премиерата на 25 декември 2024 година.
Култура
Премиера на „Црно семе“ во режија на Андреј Цветановски во битолскиот театар

Претставата „Црно семе“ во режија на Андреј Цветановски, на 16 април ќе биде премиерно прикажана на сцената на Народниот театар во Битола.
Претставата е по култниот роман на Ташко Георгиевски, а зад драматизацијата стои потпиосот на Јелена Цветановска.
Приказната ги обработува страдањата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и борбата да го зачуваат својот национален идентитет. Се изведува во период кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на Георгиевски.
„Судбината на помалите народи е тешка затоа што нивните приказни не се раскажуваат. Ако ние не си ги раскажеме своите приказни, нема кој“, рече режисерот Андреј Цветановски.
На сцената ќе настапат Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Хари Михајловски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, музика Димитар Андоновски, кореографија Дамјан Цветановски.
Култура
„12“ на МНТ наградена за најдобра претстава и најдобра режија на фестивал во Велес

Македонскиот народен театар се врати од регионална турнеја (дел на првиот блок патувања), носејќи со себе голема гордост и силни впечатоци.
МНТ веднаш продолжи со својата динамична програма, каде што на 15 април, на IV Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, настапи со актуелната претстава „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов.
Во согласност со едногласната одлука на жири-комисијата, во состав на: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски, претставата на фестивалот во Велес стана добитник на две награди: награда за најдобра претстава во целина и награда за најдобра режија.
Извонредните актери во „12“: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев, досега ги освоија домашниот и меѓународниот аудиториум со својата силна социјална порака и извонредна актерска игра, а овие награди се дополнителна сатисфакција за освојување нови признанија.