Македонија
Никола Саздовски бил убиен на свиреп и безмилосен начин, поднесено обвинение за убиство против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор против две лица за убиството на Никола Саздовски.
На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски. Убиството се случи на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда.
„Обвинетите на 29 јуни околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката ‘Алкалоид’, му пристапиле на оштетениот и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите“, се наведува во обвинението.
Од ударите Никола добил тешки телесни повреди и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Истиот ден бил пренесен во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде што на 9 јули починал, а лекарите констатирале мозочна смрт.
Поради опасност од бегство и оправдан страв дека може да влијаат на сведоците, обвинител предложи на двете обвинети лица да им биде продолжен притворот. Од Обвинителството наведуваат дека во текот на истражната постапка обвинетите биле испитани и дале своја одбрана.
Против третото осомничено лице, за кое Обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка. „Со оглед на тоа што третоосомничениот сè уште им е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе им биде достапно на државните органи“, велат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.
Македонија
СДСМ: Резолуцијата не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати да се разговара, тие се закануваа со тужби
Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.
Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби, велат од СДСМ.
„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.
Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.
Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни“.
Граѓаните, додаваат од опозициската партија, ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.
„Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.
Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.
Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.
СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.
Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.
Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат вистината.
А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто“.
Имаме избори, истакнуваат од СДСМ и како што велат, имаме мигранти за пари.
„Почитувани граѓани, сите сите вие сега сте сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.
Заедо ќе се бориме“.

