Спорт
Судијата Рамос: Не постои судење според мени
Тенискиот судија, Карлос Рамос, конечно се огласи во јавноста по инцидентот што се случи во финалето на Ју-Ес Опен, во женска конкуренција, помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака.
Серена Вилијамс предизвика скандал, откако судијата, најпрвин поради две о…
Тенискиот судија Карлос Рамос, конечно, се огласи во јавноста по инцидентот што се случи во финалето на САД опен во женска конкуренција помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака.
Серена Вилијамс предизвика скандал кога судијата најпрвин поради две опомени, ѝ одзеде поен, а потоа кога Американката влезе во вербална расправија со него и го нарече лажго и крадец, тој реши да ѝ одземе цел еден гем.
Вилијмас го загуби финалето 2:6, 4:6, а по свечената церемонија, таа за медиумите го обвини Рамос за сексизам.
„Добро сум со оглед на сè што се случи. Тоа беше многу деликатна ситуација, но судење според мени. Не грижите се за мене“, изјавил Рамос за весникот „Трибуна експресо“.
Рамос рекол дека ги избегнувал социјалните мрежи и дека само читал балансирани текстови, а не сакал да се обрати во јавноста за да не направи дополнителни проблеми.
Светската тениска федерација (УТФ) застана во одбрана Рамос, а САД опен, поради однесувањето, парично ја казни Серена Вилијамс со 17.000 долари.
ИТФ го брани својот судија по скандалот со Серена: Нашиот судија беше професионален
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арасате ја напушти Осасуна
Тренерот на Осасуна, Јагоба Арасате, последен пат го предводеше тимот во саботата. Играчите и навивачите емотивно се простија од тренерот по натпреварот помеѓу Осасуна и Виљареал кој заврши 1:1.
„Ќе се сеќавам колку им бев драг на луѓето, а денес беше кулминација на тоа. Од понеделник почнува времето за носење одлуки“, рече 46-годишниот Арасате на прес-конференција.
Медиумите шепкулираат дека тој ќе ја преземе Мајорка или да се обиде да ја подигне Севилја.
Арасате шест години ја водеше Осасуна, која сезонава ја заврши на 10. место меѓу 20-те клубови од Примера. Засега не се знае кој ќе биде новиот тренер на Осасуна.
Спорт
Пикси се уште не потпишал – Проблем се еден милион евра
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси се уште не го потпишал новиот договор, а според сите индикации нема потпишувањето нема да се случи ниту во наредните денови и покрај тоа што Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), во четвртокот објави дека биле договорени деталите од новиот договор, според кој Пикс би останал селектор до 2026 година.
Проблемот околу новиот договор со селекторот на Србија настанал околу финансискиот дел. Станува збор за потенцијален прекин на соработката доколку Србија не обезбеди пласман во осминафиналето на претстојното Европско првенство, дознава „Спорт клуб“.
Во случај на раскинување на соработката, Стојковиќ инсистирал на обештетување во висина од еден милион евра.
Сè уште не е познато кога Пикси ќе го стави потписот на новиот договор, а новиот датум кога тоа треба да се случи е понеделник (27 мај) во 11 часот.
Конечниот збор ќе го имаат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија. Третата точка на седницата закажана за в понеделник, ја дефинира дискусијата за продолжување на соработката со селекторот.
Спорт
(Видео) Најемотивниот момент од збогувањето на Крос
Тони Крос го одигра својот последен натпревар во клупската кариера. Германската икона на Реал Мадрид доби овации од „Сантијаго Бернабеу“ во емотивна вечер од последното коло во шпанското првенство. Реал ремизираше со Бетис без голови.
Брилијантниот играч за врска мина низ шпалирот што го направија соиграчите пред почетокот на натпреварот, во тие моменти ја гледаше кореографијата што ја подготвија навивачите за неговото збогување, играе до 86. минута, потоа му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата за резерви.
Ќе биде забележано дека од 2014 година до синоќа одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 гола и забележа 98 асистенции, а со клубот освои 22 трофеи. Сето тоа го понесе Крос на вчерашниот натпревар кој го заврши со овации од трибините и овации од соиграчите.
По натпреварот и самиот призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.
„Бев доста силен. Се додека не ги видов моите деца. Тоа ме скрши”, призна инаку „ладниот” Германец по испраќањето од теренот, за кое „Марка“, пишува дека било најголемо за еден играч на Реал.
„Тоа беше убав како неговата кариера, возбудлив како неговиот фудбал и огромен како неговата легенда“.
I'll never recover 🥹💔pic.twitter.com/0gEIh0XcEi
— Ele (@EleModric) May 25, 2024