Свет
За смртта на девојчето во Канада обвинет сириски бегалец

Ибрахим Али, 28-годишен бегалец од Сирија, кој добил азил во Канада, беше фатен и обвинет за убиство на 13-годишното девојче Мариса Шен.
Шен исчезна на 18 јули минатата година, а нејзиното тело беше пронајдено следното утро во централниот парк „Барнаби“, источно од Ванкувер, во провинцијата Британска Колумбија.
Gepostet von Marrisa Shen am Donnerstag, 28. Juli 2016
Али беше фатен во истиот град на 7 септември оваа година, повеќе од една година по убиството. Тој дошол во Канада како барател на азил пред 17 месеци, што значи дека го извршил убиството само неколку месеци откако Канада му обезбедила засолниште од војната. Осомничениот убиец нема криминално досие, а полицијата го осомничила само пред две недели.
Ова е инаку најголема истрага за 15 години од постоењето на наведениот полициски сектор. Беа спроведени повеќе од 600 испитувања и беа прегледани над илјада часови снимки на камерите за надзор.
Supt. Donna Richardson with @HomicideTeam : Still believe Marrisa Shen's murder was random, that she didn't know the suspect and vice versa. Won't get into motive, what elevated this to first degree murder, or what the key piece of evidence is. @CTVVancouver pic.twitter.com/DrkXtMAFOw
— David Molko (@molkoreports) September 10, 2018
Надзорничката на тимот за истраги за убиства во Ванкувер, Дона Ричардсон, изјави дека се надева дека ова нема да предизвика негативна реакција кон бегалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.