Свет
Високата комесарка за човекови права на ОН со критики до австриските миграциски политики
Унгарија и Австрија во вторникот ги отфрлија критиките од новиот комесар за човекови права на ОН за нивните миграциони политики обвинувајќи ја за ширење полувистини и неосновани сомнежи, пренесува „Локал“. Во својот прв говор како висок комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет во понеделникот изјави пред Советот за човекови права во Женева дека е разочарана од пристапот на многу развиени земји кон миграцијата.
Иако во усното обраќање не ги критикуваше миграционите политики на одредени земји, таа ги издвои Унгарија и Австрија, меѓу другото, во подолгата пишана верзија на својот говор. Таа особено укажа на шокантните извештаи дека на мигрантите во транзитните зони на унгарско-српската граница не им даваат храна.
Кога унгарската амбасадорка во ОН во Женева, Зузана Хорват, реагира на говорот на Башелет во вторникот, таа му рече на Советот дека е жално што нејзиниот извештај содржи полувистини. Таа тврдеше дека никој не е задржан во транзитните зони во Унгарија и секој може слободно да ги напушти.
„Освен тоа, рече таа, храната е и ќе продолжи да биде дистрибуирана до сите што веќе ги поднесоа своите барања како бегалци“.
Во пишаната верзија на говорот Башелет се осврна и на мерките усвоени од унгарската влада во јуни, што им овозможуваат на властите да го уапсат, кривично да го обвинат и веднаш да го отстранат од граничната област на Унгарија секој адвокат, советник, волонтер или член на семејството со законски престој, осомничен за помагање некому да поднесе барање за азил, да добие дозвола за престој или да преземе други совршено законски дејства“.
Хорват го истакна ставот на владата дека сите нелегални миграции мора да бидат запрени и границите мора да бидат заштитени.
„Намерното наведување на мигрантите во ранливи ситуации не е хуманитарен чин според нашето мислење. Тоа е криминал што доведе до премногу смртни случаи на мигрантските рути“, рече таа.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во вторникот побара од Башелет да ги разјасни коментарите за неговата земја во пишаната верзија на својот говор. Во текстот Башелет предупредува дека приоретизирањето на враќањето на мигрантите од Европа, без да се исполнат клучните меѓународни обврски за човековите права, не може да се смета за одговор за заштита“.
Таа рече дека нејзината канцеларија планира да испрати тим во Австрија за да ги процени последните случувања во оваа сфера.
Курц од Виена порача дека ќе ја брани својата земја од сите неосновани сомневања тврдејќи дека мигрантите во Австрија уживаат подобри услови отколку во повеќето земји. Наместо да ја ставаат Австрија на тапет, рече тој, ОН треба повеќе да се фокусираат на земјите што применуваат мачење и смртна казна и во кои слободата на изразување, собирање и религија се повредуваат секој ден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.